Култура и уметност

Изложба на Коста Батев во Охрид

Сподели

Утре   во Изложбениот салон на НУ Дом на култура „Григор Прличев“ во 19:00 ч.ќе биде отворена изложбата на академскиот сликар Коста Батев.

Батев е познат сликар од Струмица а досега остварил повеќе семостојни и групни изложби ширум земјава и странство.

 

 

- Во дескриптивното сликарско искуство, се насетува намерата за дирекна комуникација на човекот со човек. Отворената двосмисленост во кој тој се движи и живее се огледа во грубата и наметлива дводимензионалност на сликата, снажно нанесените бои и нивниот нападен интензитет , велат за неговите дела.

Изложбата ќе ја отвори програмскиот координатор академскиот сликар Славко Упевче.