Култура и уметност

“Кругови” на Сандра Рилкова ги фасцинира љубителите на уметноста

Сподели

 

Талентираната сликарка  Сандра Рилкова синоќа ја одржа својата прва самостојна изложба насловена “Кругови”.

Пред љубителите на убавото беа претставени 17 уникатни дела, кои од денеска се веќе на продажба.

 


-

Сликам од 2003 година, имам насликано стотина слики. Овие седуманесет дела се насликани стрикно за оваа изложба денеска во Охрид. Станува збор за апстракна ументост , изјави за ohridnet Рилкова.

 

 

 


Рилкова е охридска снаа нејзините уметнички дела се продаваат во нејзината галерија во Скопје. Сите заинтересирани може да ги видат и на веб страната ateljeart.com.