Култура и уметност

"Танец" ќе го затвори "Вевчанското културно лето"

Сподели

Со концертот на македонскиот ансамбл Танец" недела со почеток од 19,30 во Домот на културата во Вевчани ќе се затвотри „Веччанското културно лето“ , настан со кој ќе се одбележи и Денот на независноста на Република Македонија.

 

Инаку Општината Вевчани од 14 јули ги живее деновите во кои над 30 содржини го привлекуваат вниманието на вевчанци, но и наилјадници туристи.
"Нашата општина е прва и единствена од помалите општини во Р. Македонија која организира ваква автентична манифестација, нудејќи им на граѓаните разновидна програма за сите вкусови", вели градоначалникот на Вевчани, Цветомир Угриноски, кој додаде дека културното лето придонесува за побрз туристички развој.
Во рамките на Вевчанското културно лето се одржаа бројни настани меѓу кои, промоција на романот "Безгрешни копилиња" на Илија Каланоски, изложба на слики на Симун Коруноски, промоција на книгата "Викси" од Божидар Божиновски, доделување на повелба за печалбарството, а се одржа и предавање на м-р Зоран Радиноски на тема "100 години од Букурешкиот мировен договор и повелбата на Македонија". На прекрасните вевчански извори се одржа поетска средба со поетот Борче Грозданов - Пандур на која се читаа стихови од неговата "Порив на дружба со грст стихови за низа воздишки".


Љубителите на театарот имаа можност да уживаат во прекрасната претстава на "Жорж Данден" во изведба на вевчанскиот театар "Поклони се и падни" а на репертоарот беше и Драмскиот театар со "Последните Македонци", како и претставата "Совршена анализа на еден папагал" од Универзитетот ЕСРА од Скопје.
Филмската уметност беше застапена со прикажувањето на документарниот филм "Македонија во слики 1923 г." од Арсениј Јовков, како и македонскиот игран филм "Солунските атентатори" во режија на Жика Митровиќ.
Вевчанското културно лето" имаше и денови за фолклорот со Меѓународниот фолклорен фестивал "Пображење".
На културната манифестација Вевчанско културно лето" годинава продефилираа над 800 уметници.