Култура и уметност

“Билјана Јуниор” со староградска песна го врати Сараиште во минатото

Сподели

Ансамбал “Билјана Јуниор”, продолжувачите на охридските трубадури синоќа одржаа концерт во чест на Кузман Поп Стефанија, основачот на стариот ансамбал “Билјана”.

Младите, продолжувачи на охридските трубадури пред присутните ги отсвирија легендарните “Билјана платно белеше”, “Јовано Јованке”, “Бор садила мома Евгенија” и уште многу други песни истргани од душата на народот, а денес се важен дел од македонската култура и историја и чувар на нашиот идентитет.

 

 

- Задоволството беше обострано и од наша страна и од страна на публиката. Се надеваме дека ова ќе премине во традиционална манеифестација која има за цел не само зачувување на староградската песна туку и истакнување на други млади таленти кои ја негуваат оваа музика, вели Јован Поп Стефанија од Ансамал Билјана јуниор


Низ охридските сокаци до ден денес одекнуваат звуците на староградската песна од познатиот ансамбал "Билјана". Групата била формирана пред 61 година, составена од непрофесионални музичари кои свиреле како вљубени во музиката.

Го пропатувале целиот свет, настапувале пред претседатели, познати делегации, кралици и принцови. Компонирале и пееле до полноќ а рано наутро сите биле на своите работни места.


Нивните продолжувачи младите талентирани момчиња од "Билјана јуниор" чекорат по нивниот пат, ја освојуваат публиката бидејќи свират и пеат со душа.