Култура и уметност

Средба со пистаелот Емир Соколовиќ

Сподели

Денес  12 септември, во 18,00 часот, во Прличевата одаја при НУ Библиотека „Григор Прличев“ - Охрид ќе се одржи средба со писателот Емир Соколовиќ од Босна и Херцеговина.

Во рамките на средбата предвидено е предавање на тема: „Книжевноста и книгата денес“. Присутните ќе имаат можност да постават прашања или да поведат дискусија на посочената тема.

 

 

Емир Соколовиќ (Зеница, 1961) е писател, драматург и поет. Дебитирал со „Каде и зошто“ - двојазична збирка поезија, во 1983 година во Италија.

Други негови дела се: „Тогаш беше трска“ (поезија, 1998), „Парис - или залудно е да се распнува Христос“ (драма, 1999), „Ослободувањето“ (роман, 2003) и

„Лесно е да се јуриша кон небото што молчи...“ (поезија, 2011). И припаѓа на групата писатели кои творат во книжевниот правец наречен постјугословенски магичен реализам.