Сре08152018

Последна промена09:41:43 PM

Back Вие сте на: Home Култура и Уметност

Култура и уметност

Охридско лето - најуспешен туристички настан за 2013

Фестивалот „Охридско лето“ е  најуспешен туристички настан за 2013 година според Министерството за економија.  На денешната свеченот  по повод светскиот ден на туризмот- 27 септември  , признанитето за најкултурен настан и беше врачено на директорката на најреномираната културна манифестација , Елизабета Јанкуловска . Според неа заслугата е на целиот тим кој посветено работи во насока на продолжување на успешната традиција од 53 години на врвот на светската уметничка сцена.

Повеќе...

Охрид во знакот на староградскиот мелос

Денес  започнува дваесетипеттото јубилејно издание на манифестацијата Охридски староградски средби. На годинешното фестивалско издание ќе настапат Хорот при охридскиот Центар за култура, групата „Распеани охриѓанки“, Градскиот тамбурашки оркестар од Штип, Октетот „Прилеп“ од Прилеп, „Распеани гевгеличанки“ од Гевгелија, Градскиот хор од Штип, како и учесници од Крива Паланка.

Повеќе...

Средба со пистаелот Емир Соколовиќ

Денес  12 септември, во 18,00 часот, во Прличевата одаја при НУ Библиотека „Григор Прличев“ - Охрид ќе се одржи средба со писателот Емир Соколовиќ од Босна и Херцеговина.

Во рамките на средбата предвидено е предавање на тема: „Книжевноста и книгата денес“. Присутните ќе имаат можност да постават прашања или да поведат дискусија на посочената тема.

Повеќе...

“Соединување” на Анета Јованоска ја преполни галеријата во Центарот за култура

Втората самостојна изложба на уметникот Анета Вршкоска Јованоска вечерва ја прелони Галеријата во ЦК “Григор Прличев”. Присутните се восхитуваа на нејзините необични уникатни уметнички дела.

Повеќе...

“Билјана Јуниор” со староградска песна го врати Сараиште во минатото

Ансамбал “Билјана Јуниор”, продолжувачите на охридските трубадури синоќа одржаа концерт во чест на Кузман Поп Стефанија, основачот на стариот ансамбал “Билјана”.

Младите, продолжувачи на охридските трубадури пред присутните ги отсвирија легендарните “Билјана платно белеше”, “Јовано Јованке”, “Бор садила мома Евгенија” и уште многу други песни истргани од душата на народот, а денес се важен дел од македонската култура и историја и чувар на нашиот идентитет.

Повеќе...

Три вредни документарни филмови пред охридската публика

Од денес  до 20 ти септември пред љубителите на филмската уметност во НУ ЦК "Григор пррличев" Охрид ќе се прикажуваат  три вредни документарни филмови.

Повеќе...

“Звуците на длетото” да ја заживеат охридската резбарска школа

Звуците на длетото се уште одзвонуваат по охридските сокаци. Доказ за тоа беше денешната изложбата на 12 те современи охридски резбари од различни генерации,која се одржа во Куќата на Робевци.

На нивните ремек дела изработени до совршенство се восхитуваат и охриѓани и туристите.

Сите изложени дела се избработени во техники и стилови карактеристични за охридската резбарска школа, вели Оливера Мишева етнолог при Завод и Музеј Охрид.

Повеќе...

"Соединување" втора изложба на Анета Вршкоска Јованоска

"Соединување" е втората самостојна изложба на уметникот Анета Вршкоска Јованоска од Охрид. Пред присутните ќе бидат претставени нејзините најнови уметнички дела.

Повеќе...

"Танец" ќе го затвори "Вевчанското културно лето"

Со концертот на македонскиот ансамбл Танец" недела со почеток од 19,30 во Домот на културата во Вевчани ќе се затвотри „Веччанското културно лето“ , настан со кој ќе се одбележи и Денот на независноста на Република Македонија.

Повеќе...

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK