Култура и уметност
Во Робевци изложба ”Форми во црно”
- Детали
- Објавено на Среда, 31 Јули 2019 12:02
На 2 август 2019 (четврток) во 20:00 ч. во музеј „Куќата на Робевци” во Охрид ќе се отвори изложбата ”Форми во црно” на Мице Јанкуловски.
Украинска вечер на „Охридско лето“
- Детали
- Објавено на Недела, 28 Јули 2019 11:26
„Разновидна екстраваганција во музичката кошница“ е насловена музичката програма на традиционалната Украинската вечер што ќе се одржи на „Охридско лето“, во црквата „Света Софија“ , денеска од 21 часот.
Концерт за виолончело и пијано на „Охридско лето“
- Детали
- Објавено на Среда, 24 Јули 2019 11:18
Музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ продолжува вечерва со концерт на руските уметници, виолончелистот Денис Шаповалов и пијанистот Александар Вершинин што ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.
„Несоодветно за на работа“-драмска премиера на „Охридско лето“
- Детали
- Објавено на Сабота, 27 Јули 2019 19:03
Драмски театар од Скопје вечерва на „Охридско лето“ премиерно ќе ја изведе театарската претстава „Несоодветно за на работа“ од современата британска драмска авторка Луси Кирквуд, а во режија на еден од најдобрите холивудски режисери и актери Доналд Ворен Мофет.
Изложба на Стефан Хаџи-Николов во „Робевци“
- Детали
- Објавено на Сабота, 20 Јули 2019 14:11
Синоќа се отвори изложбата на големиот сликар Стефан Хаџи-Николов.
Народниот театар од Битола вечерва гостува на „Охридско лето“
- Детали
- Објавено на Четврток, 25 Јули 2019 10:54
Народен театар Битола ja носи на „Охридско лето“ театарската претстава „Бакхи- Краток преглед на распадот“ по Бакхи од Еврипид, а во режија на Игор Вук Торбица. Претставата ќе се одигра во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 21 часот.
„Хадерсфилд“ –драма за изгубената млада генерација
- Детали
- Објавено на Среда, 17 Јули 2019 10:50
Загрепскиот младински театар од Хрватска синоќа во рамките на драмската програма на фестивалот „Охридско лето“ ја изведе театарската претстава „Хадерсфилд“ од Угљеша Шајтинец, а во режија на Рене Медвешек.
Дуото Миленковиќ-Милошевиќ ја крена публиката на нозе
- Детали
- Објавено на Среда, 24 Јули 2019 12:42
Долги и стоечки овации, бисови, задоволна публика и уметници кои пленија со своето музицирање и со својата скромност и внимание кон публиката. Ваква беше атмосферата вчеравечер во црквата „Света Софија“ на концертот на српскиот виртуоз на виолина Стефан Миленковиќ и неговиот колега, пијанистот Владимир Милошевиќ за кој с ебараше карта повеќе.
Традиционалната Полска вечер на „Охридско лето“ носи концерт на триото „Пендерецки“
- Детали
- Објавено на Среда, 17 Јули 2019 10:25
Во рамките на традиционалната Полска вечер на фестивалот „Охридско лето“ вечерва во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот ќе се одржи целовечерен концерт на пијано-триото „Пендерецки“.