Култура и уметност
Средба со пистаелот Емир Соколовиќ
- Детали
- Објавено на Четврток, 12 Септември 2013 11:57
Денес 12 септември, во 18,00 часот, во Прличевата одаја при НУ Библиотека „Григор Прличев“ - Охрид ќе се одржи средба со писателот Емир Соколовиќ од Босна и Херцеговина.
Во рамките на средбата предвидено е предавање на тема: „Книжевноста и книгата денес“. Присутните ќе имаат можност да постават прашања или да поведат дискусија на посочената тема.
“Билјана Јуниор” со староградска песна го врати Сараиште во минатото
- Детали
- Објавено на Недела, 08 Септември 2013 10:16
Ансамбал “Билјана Јуниор”, продолжувачите на охридските трубадури синоќа одржаа концерт во чест на Кузман Поп Стефанија, основачот на стариот ансамбал “Билјана”.
Младите, продолжувачи на охридските трубадури пред присутните ги отсвирија легендарните “Билјана платно белеше”, “Јовано Јованке”, “Бор садила мома Евгенија” и уште многу други песни истргани од душата на народот, а денес се важен дел од македонската култура и историја и чувар на нашиот идентитет.
Бојкотот на Села не го намали сјајот на СВП
- Детали
- Објавено на Петок, 23 Август 2013 00:21
Бојкотот на Села не го намали сјајот на Струшките вечери на поезијата. Со меѓународното поетско читање “Меридијани” и без никакви проблеми синоќа започна 52 то издание на СВП.
“Звуците на длетото” да ја заживеат охридската резбарска школа
- Детали
- Објавено на Петок, 06 Септември 2013 21:35
Звуците на длетото се уште одзвонуваат по охридските сокаци. Доказ за тоа беше денешната изложбата на 12 те современи охридски резбари од различни генерации,која се одржа во Куќата на Робевци.
На нивните ремек дела изработени до совршенство се восхитуваат и охриѓани и туристите.
Сите изложени дела се избработени во техники и стилови карактеристични за охридската резбарска школа, вели Оливера Мишева етнолог при Завод и Музеј Охрид.
Изложба на Коста Батев во Охрид
- Детали
- Објавено на Четврток, 22 Август 2013 22:27
Утре во Изложбениот салон на НУ Дом на култура „Григор Прличев“ во 19:00 ч.ќе биде отворена изложбата на академскиот сликар Коста Батев.
Батев е познат сликар од Струмица а досега остварил повеќе семостојни и групни изложби ширум земјава и странство.
"Танец" ќе го затвори "Вевчанското културно лето"
- Детали
- Објавено на Петок, 06 Септември 2013 14:30
Со концертот на македонскиот ансамбл Танец" недела со почеток од 19,30 во Домот на културата во Вевчани ќе се затвотри „Веччанското културно лето“ , настан со кој ќе се одбележи и Денот на независноста на Република Македонија.
20- то Јубилејно издание на "Охрид фест – Охридски трубадури"
- Детали
- Објавено на Вторник, 20 Август 2013 23:57
Со детскиот фестивал "Чунга лунга" синоќа започна 20 то по ред издание на фестивалот “Охрид фест – Охридски трубадури”. Годинава за прв пат фестивалот ќе се одржува на градскиот кеј пред кафе барот Објектиф.
“Кругови” на Сандра Рилкова ги фасцинира љубителите на уметноста
- Детали
- Објавено на Среда, 28 Август 2013 10:06
Талентираната сликарка Сандра Рилкова синоќа ја одржа својата прва самостојна изложба насловена “Кругови”.
Браќа Карамазови за достоинствен крај на "Охридско лето"
- Детали
- Објавено на Вторник, 20 Август 2013 23:43
Театарската претстава „Браќа Карамазови“, која премиерно беше претставена во Дубровник и ги доби највисоките оценки и напофалните критики од стручната јавност, а се играше и на „Дубровничките летни игри“ ја имаше честа синоќа во Центарот за култура да ја спушти завесата на 53-то по ред Охридско лето.