Пон08212017

Последна промена06:11:12 PM

Back Вие сте на: Home Писма и колумни ПИСМО ДЕМАНТ на полицискиот службеник Стевоски

Писма и коментари

ПИСМО ДЕМАНТ на полицискиот службеник Стевоски

Сподели

Полицискиот службеник  Стевоски Стево со демант и писмо до јавноста.

 

Охриднет како професионален веб портал ви го пренесува неговото писмо во целост:

-По објавата на веста за полицаецот кој навредувал колеги од страна на МВР, сметам дека треба да реагирам во јавноста бидјеќи пласираната информација од страна на оваа иснтитуција е чиста лага и невистина.
Вистината е следна :
Вчера во 13 и 45 часот во Основ обвинителство Охрид од моја страна е поднесена Кривична пријава против трите наведени лица ( раководен кадар во СВР Охрид ) за сотрени кривични дела Злоупотреба службена положба и овластување, несовесно работење во службата и спречување службено лице во вршење службено дејствие кои кривични дела се пврзани како кривични дела од Изборен Закон.
По ова од истите се превземени мерки за мое следење, ( јас знаев дека сум следен ) и извршена е директна контрола во 17 и 30 часот во село Косел. Во однос на наводите истите во целост ги демантирам, односно времето кога сум бил во дворното место на ресторанот Јарец, а не внатре во ресторанот, бев надвор од објектот , а во објектот во тоалет влезе мојот колега придружник кој имаше итна потреба од тоа.
Надвор пред објектот седев сам, а внатре и мапшше голема гужва и прослава. На излегување од објектот, не во 19 и 10 туку во 18 и 40 часот мојот колега излезе заедно со Наум Мургоски кој ме поздрави и бидејќи имал роденден ни донесе две безалкохолни лименки густи сок, по што по кратк овреме заминавме од објектот од како претходно истиот ме запозна со криминалите кои ги вршеле одредени функционери на СВР Охрид.
Мургоски ми кажа дека на тие луѓе така му треба . Мојот став во разговорот беше дека према криминалот не треба милост па и за кого да се работи.
Од како заминавме од Косел, околу 21 часот бев повикан во СВР Охрид , без запознат дека од страна на тиртите наведени лица во пријавата ми е поднесена кривична пријава , од Внатрешна контрола и полицискиот службеник ми беше прочитана и во неа стоеше дека сум конзумирал пиво во ресторанот Јарец.
На нивно барање се согласив да бидам алкотестиран и да ми се земе крв, при што истите со службено возило од Струга обезбедија дрегер за утврдување на алкохол, при што по извршеното испитување е утврдено дека содржината на алкохол во крвта изнесува 0,00 промили.
Составен е запоисник за извршеното алкотестирање кој го потпишав како и останатите службеници кои беа присутни.
Останав во СВР Охрид чекај и да бидам повикан од Крим полиција заради расчистување на поднесената пријава. Во 22 и 40 часот од страна на претпоставениот без известен дека нема потреба со мене да се обавува разговор. Реаиграв на тоа бидејќи согласно правилата на МВР и Уставот на Македонија, против секој против кој има пријава МВР законски е должно да му даде право на одбрана и произнесување по истото. За жал никој несакаше да разговара со мене околу пријавата по што во 23 часот си змаианв од СВР Охрид.
Во однос на наводите дека сум мафтал со листови од хардија категорично тврдам дека со мафтање од листови од хартија на никој не може да му се загрози сигурноста , како и неговиот живот, односно непостои битието на ова кривично дело за кое ме товарат – мафтање со листови хартија.
Бидејќи наведените лица биле на оддалеченост од минимум 10 километри. Се прашувам каква ли ни е СВР Охрид кога главнтие носители на безбеднбоста во градот само со мафтање со лист хартија и тоа на далечина од 10 километри се кај истите предизвикувало страв и вознемиреност.
А во однос на нарушениот интегритет од честа и достоинството, како повисоки раководни лица во СВР Охрид им давам правна поука истите да ме демантираат со поднесените кривични пријави , да ми поднесат приватна тужба за клевета, навреда и слични дела од областа на честа и угледот, а јас сум спремен да ја сносам севкупната одговорност од истите, стои во демантот на Стевоски.

Објавувањето   писма и колумни   од надворешни автори се должи  на намерата на „Охриднет“ да се слушне гласот на народот и мислењето на граѓаните. Напоменуваме дека изнесените ставови во рубриката :"Писма и колумни" се лични мислења на авторите и поединци и дека во врска со изнесеното,  „Охриднет“ не сноси одговорност.

 

 

 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK