Сре02222017

Последна промена07:46:07 PM

Back Вие сте на: Home Писма и колумни ПИСМО: Кого штити министерот Спасовски? Криминалот ли во своите редови?

Писма и коментари

ПИСМО: Кого штити министерот Спасовски? Криминалот ли во своите редови?

Сподели

Ова писмо го испратија читатели на Охриднет. Охриднет.ком како објективен и отворен  портал во рубриката Писма и колумни во целост ги објавува вашите ставови и писма. 

 

Писмото го пренесуваме во целост:

,,Кого штити министерот Спасовски? Криминалот ли во своите редови?

МВР со месеци не ја  спроведува дисциплнска постапка за двајца вработени полициски службеници, кои сториле потешка повреда на работниот ред и дисциплина. Според  предлогот за утврдување и поведување на дисциплинска одговорност станува збор за полициските службеници Душанка Наумоска и Љупчо Спасески.  И двајцата од Охрид, кои  на 17 мај годинава  одзеле кајче од ,,Извидничкиот центар Охрид" со образложение дека ќе го носат во ,,Езерската полиција" каде ќе се утврдува неговата сопственост, но никогаш не го однеле, ниту го завеле во записник.

Според правилникот за одземени предмети  полициските службеници се должни да издадат потврда во четири примероци  од кои еден примерок му се дава на лицето кому му се одзема предметот. Во конкретниот случај полициските службеници ниту изготвиле, ниту пак му издале потврда на лицето.

Полициските службеници непрофесионално и незаконито ја извршиле својата работна задача. За своето непридржување кон прописите , спротивно на правилата и прописите на МВР  и двајцата извршиле потешка повреда на работниот ред.

Предлогот за поведување на постпка за дисциплинска одговорност е изработен и испратен до Комисијата за утврдување на дисциплинкса одговорност , но се уште не е спроведен.  Од таму како одговорен граѓанин на Р Македонија прашувам Кого штити МВР? Зошто полициските службеници кои го прекршуваат законот не понесат одговорност?", стои во писмото испратено до Охриднет.ком 

автор Софија Филипова 

Во прилог дел од документите:

Објавувањето   Писма и колумни   од надворешни автори се должи  на намерата на „Охриднет“ да се слушне гласот на народот и мислењето на граѓаните. Напоменуваме дека изнесените ставови во рубриката :"Писма и колумни" се лични мислења на авторите и поединци и дека во врска со изнесеното,  „Охриднет“ не сноси одговорност.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK