Писма и коментари

Колумна: Кој плива во туристичките води?

Сподели

Во средното угостителско училиште, и на факултетот за туризам формално, со договори склучени со угостителските објекти се испраќаат учениците на практична работа.  Но колку од тие ученици и студенти одат во тие објекти и обавуваат практична работа?!

 

Велат иднината останува на младите, во случајов, толку кревкиот, недоволно развиен туризам останува на група неодговорни млади средношколци и студенти.

На прв поглед кога ќе поминеш покрај средното угостителско училиште, и кога ќе ги видеш учениците од втора година во денот наменет за пракса во училиштето, прво недоволно, нескладно обллечени како за келнери, со црни пантолони, бела кошула и во патики, прво што ќе ти падне на памет е дека тие млади не се на училиште туку на некој маскембал (се извинувам ако се навреди некој, секоја чест на исклучоците).

Ај таа пракса во училиште ќе помине, но кога ќе дојде летниот период за обавување на феријалната пракса е тогаш се навистина посебни. Дел од нив одат по објектите, уште од првиот ден, уште со првите зададени задачи ќе им се виде тешко, и повеќе не се враќаат во тој објект, стапуваат на сила ,,врските,, Одма, тамо, мама, чичо вртат телефон кај менаџерот во тој објект и земена е потврдата за посетена пракса, земени се потпис и печат, и исполнет е условот за запишување на следната школска година.

Еден друг дел од учениците не се ни појавуваат на пракса, одат директно на провереното и сигурно, земаат потврда од старт, додека има еден трет дел кој за жал се малкмина остануваат во објектот и навремено си ја извршуваат праксата.

Кај студентите (кај моите колеги) работата е сосема поинаква. Тие се ,,преамбициозни,, на факултет повеќето се запишале  да бидат менаџери и само менаџери, не се тие пратени во објекти за да служат, готват, или да вршат некоја трета работа. Има исклучоци, но тие се малку. Во однос на посетувањето на праксата, ситуацијата е иста како и кај средношколците.

Од сето ова може да заклучиме дека иднината на Охридскиот туризам не останува баш во сигурни раце. Двете институции и средното угостителско и факултетот за туризам вложуваат многу во студентите, воведуваат строги мерки со цел тие да посетуваат редовно и задолжително пракса, но во секој случај, професорите не можат да изиграваат полицајци и да ги контролираат кој кај оди, и дали воопшто оди на пракса. Се треба да се остави на совеста на сите нив, не треба некој да им оди да ги контролира, бидеќи сепак, сами одлучиле да тргнат по тие,  туристички води, со самото запишување во овие институции.

Кај нас, а воедно и во цела држава, на овие две институции се гледа на некој начин со понижување. Кога ќе дојдат време за уписи за во средно, предност му се дава на гимназија, економско, медицинско, додека кога ќе се спомне туризам, некако со потсмев реагираат. На туризам се запишуваат на некој начин оние полошите ученици, кои имале низок успех во основно училиште, и со надеж дека тука лесно ќе си поминат.

Кај студентите ситуацијата е слична, на почеток сите даваат предност на правните, економските, медицинските, техничките факултети, додека за туристичкиот факултет секој гледа со потсмев. Но има многу ситуации кога од предходно наведедените факултети не успеале да завршат барем еден семестар, на крај пак се враќаат тука при ФТУ.

Како и да е, се надеваме дека работиве ќе се променат, професорите и од  двете институции ќе ги мотивираат повеќе учениците и студентите да ја засакаат ова дејност, која од година во година зема се поголем замав во Охрид, но со недоволно стручен кадар не се прави ништо.

Секоја чест на исклучоците, кои преку праксата, станаа врвни професионалци, и работат во врвните хотели кај нас, а не мал е и бројот што работат и во странство на некој брод, во некој од светски познатите хотели.

И една порака до посебната група ученици и студенти кои имаат висок успех, кои се редовни, примерни, можете да ги имате сите петки, сите десетки на светот, но без пракса, без примена на таа научена теорија во пракса, сте еднакви како и оние со двојки и шестки на факултет.

 

Колумнист Тони Павловски 

Студент на Факултет за туризам Охрид 

Ставовите изнесени во рубриката Колумни се лични ставови на авторот,  Охриднет нема одговорност за изнесените мислења.