Саб04102021

Последна промена06:45:50 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Писма и колумни КОМЕНТАР: Да се воведе ред во охридските ценовници

Писма и коментари

КОМЕНТАР: Да се воведе ред во охридските ценовници

Сподели

Пред некое време некако се успеа да се средат работите со туристичките водичи во Охрид, се среди тој хаос и доста беше секој кој стигнал да држи предавања за културно историското минато на  Охрид.

 Со задолжителната лиценца која мора да ја поседува секој туристички водич се средија многуте проблеми поврзани со ова поле. Нема да коментирам за туристичките водичи, зборот ми беше кога се сака нешто може да се направи, да се најде решение.

...Цените....Требаше уште одамна да е среден тој проблем, но сепак се оставаше на сопствениците на угостителските објекти сами да си одлучуваат за цените, па за нив дали се високи или ниски пресудуваaа гостите, и навистина пресудија.  Некои пресудија поради цените да не доаѓаат во Охрид, други да ги намалат трошоците за сместување, така ако порано користеле полни пансиони сега најчесто користат половина пансион, или ноќевање со појадок и.т.н

И крајно време е веќе да се средат и цените и властите да покажат малку ,,сила,,  да се знае кој  угостителски објект која цена може да ја има на услугите. Не може иста цена да има сместување во луксузен хотел, и некое приватно апартманче на периферија. Не може иста цена да има пивото во центар, покрај езеро во некој добар кафе бар, и некој кафе бар од пониска класа, без никакво опкружување, некаде на периферија.

 

Хотелскиве објекти се класифицирани во пет категории со ѕвездички и јасно мора да се одреди до која цена треба да оди за услугите еден хотел со две ѕвезди, до која цена со три, до која цена со пет ѕвезди. Мора секој да си го знае местото бидеќи доаѓа до заблуда, до незадоволство кај гостите. Ако еден гостин кој дошол тука пред година, две и бил сместен во некој хотел со 4 ѕвезди и таму платил 20-30 евра за ноќевање со појадок и сега годинава поради х  причини сака да летува во хотел со 2 ѕвезди и му кажат иста цена, какво мислење ке има  тој за Охрид, за услугите, за цените за квалитетот на услугата која се добива во тој хотел со 4 ѕвезди, и тој со 2 ѕвезди а цената иста??!?

Истото се однесува и за приватните апартмани, и за објектите за исхрана и разонода, како ресторани, кафеани, кафе барови.... секој според својата категорија, со своја цена, секое прекршување на тоа строги санкции....

 автор Тони Павлоски 

студент на ФТУ Охрид 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK