Саб04102021

Последна промена06:45:50 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Писма и колумни Колумна: Тргнаа работите на подобро....

Писма и коментари

Колумна: Тргнаа работите на подобро....

Сподели

Се собираат животните од улици, дојдоа хрватски новинари, Охрид ќе биде полн за Нова година....

 

И конечно изминатиов викенд  во Охрид се случија два позитивни и значајни  настани. Прво, на иницијатива на здружението за заштита на животните Анималиа, се собраа дел од љубителите на животните од Охрид и донираа куќарки и други материјали за привремено сместување на  кучињата и другите животни скитници кои често ги гледавме по улиците на Охрид. Тие ќе бидат сместени на одредена локација, се до нивно вдомување од некој љубител на животни. Сета оваа акција беше поддржана и од локалната самоуправа на општина Охрид, што е за пофалба.

После  оваа  акција, ако не целосно, ама делумно ќе се тргне и лошата слика од улиците на Охрид кои често ги гледаа туристите, многу кучиња, кои на моменти беа и подивени и опасни за околината. Најважно е што  работите полека почнаа да се средуваат.

Само уште да се надеваме дека и по улиците возачите ќе внимаваат како возат, ќе гледаат кога во непосредна близина пред нивните возила има животни, кучиња, мачки и нема да ги газат и истите да стојат по патиштата со часови. Тоа од една страна е грда слика како за локалното население, така и за туристите кои доаѓаат тука. Какво мислење би имал еден странски турист дојден во Охрид, притоа љубител на животните, и гледа по патиштава наши, мачки, кучиња изгазени? Што ќе помисли, овдешниве луѓе се бетер од  животниве, невнимателни...  Ептен невкусно...

Сепак, во секој случај акцијата на Анималиа е навистина за пофалба, секоја чест.

Втората вест викендов, но не помалку значајна беше посетата на видни новинари од Хрватска, кои работат во големите и познати  медиумски куќи во Хрватска, а дојдени со цел да го презенитараат Охрид пред јавноста на Хрватска.  Сето ова е одлична можност Охрид да им биде презентиран на хрватите, на потенцијалните туристи, и  оние кои до сега никогаш не го посетиле, да дојдат да го видат.  Добро е што хрватските новинари беа убаво пречекани, и од градоначалникот на Охрид, од претставници на ХОТАМ, и ова треба да остане и да се користи како пракса и во иднина сите новинари од странски земји да се пречекуваат со  почести, бидеќи рекламата, промоцијата која ќе ја направат за Охрид ќе има големо значење за развојот на туризмот кај нас.

Друга интересна и позитивна работа е што странските туристи од земјите во регионот се враќаат во Охрид, така за претстојните новогодишните празници Охрид ќе биде полн со гости....

 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK