Писма и коментари

Туризмот- пасош на мирот во цел свет

Сподели

Политиката од година во година навлегува во сите сфери од општеството, не само кај нас туку насекаде по светов. Но, сакале или не политичарите никогаш нема да можат да навлезат во туризмот. Туризмот беше е  и ќе остане пасош на мирот во цел свет.

Туризмот ги руши сите бариери: јазични, национални, расни, политички... Дека за тоа говорат и фактите ќе земам неколку примери. Прво, македонците на лето масовно летуваат во Грција, додека бројот на грците кои доаѓаат во Македонија од година во година се зголемува, и се меѓу водечките туристи по број од сите странски туристи. И на грците и на македонците воопшто не им е гајле за политика, за некакви безмислени спорови... Секој е газда за своите пари и кај сака ќе оди. Понатаму, додека во Египед имаше крвопролевање во Каиро и на други места, никој не можеше да ги спречи препораките на властите да не патуваат таму, така египетските летувалишта беа полни со туристи. Терористичките напади и заканите од нив во големите светски метрополи, кои ги предизвикуваат терористите,  не ги симнаа од топ листата на најпосетени дестинации Лондон, Париз, Њујорк, Вашингтон, Истамбул... Медиумите за жал ја имаат таа моќ да едно туристичко место или го вивнат на врвот, или го стават на дното. Ако погледнеме што прават светските медиуми од типот на Си ен ен ќе видиме како американците го вреднуваат своето, а го оцрнуваат туѓото. Така кога известуваат за земјите во кои има или имало војни, даваат сцени од мрачни, разурнати места, од крв, сиромаштија, беда, што кај обичниот човек ќе се наметне мислење дека пеколот е во тие земји, а никаде и никој не го покажува дорото, убавите страни на секоја земја. Јас сигурен сум дека има прекрасни места кои вреди да се посетат и во Авганистан, и во Замбија, Иран, Сирија, Сомалија... Но, останува уште да го дочекаме денот кога туризмот ќе ја урне единствената бариера која, иако во помал обем, но сепак ја има, а тоа е моќта на светските медиуми која за жал за злоупотребуваат во повеќе наврати.