Писма и коментари

Колумна:Каков е погледот со розови наочари?

Сподели

....Цело време наназад откако почнав да пишувам/критикувам за состојбите во туризмот и угостителството во Охрид, и сите засегнати страни поврзани со оваа појава бев/сум многу критикуван од моето опкружување, дека сум бил премногу вулгарен, не требало така, требало поинаку, требало критика ама не таква, малку поблага да била.. бла бла бла...

Ми викаат дека не е се така црно во Охрид, и ме прашуваат зошто не ги гледам и убавите работи на градов. Убавите работи во градов секој ги знае. Сигурно нема да пишувам почнуваjќи ,,Охрид е најголем туристички центар во земјава.. има многу културно историски споменици... Охрид го има најубавото езеро во светот Охридското Езеро..... ова секој го знае, но малку се знаат работите како охриѓани сите овие потенцијали знаат да ги искористат.

Нејсе.... по многу критики на моја сметка, решив малку да ги ставам и розовите очила, да ги видам и розовите страни на Охрид, и сега ќе ви раскажам како поминав еден викенд со така ставените розови очила...

...Сабота, наутро, станувам и пиеjќи го утринското кафе отворам фејсбук и што да видам, од сите страни нападнат со различни статуси од сите угостителски објекти на кои сум фан на нивните фејсбук страни. Почнувам да се збунувам, гледам секој локал, секој објект со различен примамлив статус, со различна понуда, секој на свој начин се обидува да ги придобие како локалното населенение така и туристите кои се во градот да го посетат нивниот објект... Сепак се одлучив за еден кафе бар во Охрид покрај езеро гледам имало некоја понуда, со утринското кафе давале и некои специјални колачи до сега кај нас не видени, па ајде да ги видам.... Се договарам со пријателите да се најдеме, одам на постојка повикувам едно такси. Од такси возилото излегува таксисот навидум пријатен човек, ми посакува добро утро, ми отвора вратата, му ја кажувам дестинацијата каде сакам да одам, а тој љубезно ме прашува по кој пат сакам да одеме, не за друго за поефтино да ме фати... Бидна и тоа ојдовме во локалот пиефме кафе каснавме од тие колачите, ептен беа вкусни, и кога ја побаравме сметкатата ептен се зачудивме, 5 души бевме, сите пиевме по едно кафе и по еден сок и вика сметката 350 денари.... Се запрашав што толку ефтино, а келнерката со љубезен тон на гласот ни одговори дека сега се работи со цени кои важат за вон сезона, така кафето чини 30 денари а сокчето 40 денари.... Хмммм си викам браво, се менуваат работиве во градов...

После тоа добрив телефонски повик од едни колеги од Скопје биле во Охрид па да сум ги однел во некој посебен ресторан, посебен ресторан за гости со посебни потреби во однос на исхраната. Појдовме во еден таков ресторан секој си кажа што сака, и келнерот ни донесе повеќе видови на менија, така дел од моите колеги кои беа вегетаријанци си добија вегетаријанско мени, една колешка беше алергична на глутен, си доби такво мени со исхрана во која нема глутен.... се помина најдобро, си плативме ефтино, по цените што се за вон сезона и вечерта ојдовме малку до еден ноќен клуб, таму уште од врата обезбедувањето не пречекаа со убаво, намеани и пријатни луѓе...  си поминавме убаво и секој на своја страна си заминавме и се договоривме да го повториме тоа и истиот ден....

Но..... нешто се случи, вечерта многу испивме и изгледа во пијанството по пат сум ги загубил розовите очила, и сега ги немам за жал. Ок како и да е, продолжувам да гледам без очила.

Отворам сабајлечки на фејсбук, гледам на фан страниве некои последни ажурурања од 2011/2012 година, ништо посебно, тие што работеле на рецепција по големите хотели, ноќта немале веројатно време од карти играње или од муабетење со пријателите на фејсбук, за да менат статусот да кажат нешто, да дадат знак дека тие хотели тие угостителски објекти постојат, не ги лапнала земјата..... Одам понатаму, викам такси ми излегува еден намрштен таксист, тоа колата никаква несредена, ме врти, врти низ град за што повеќе пари да ми  земе.. Одиме таму по тоа локалите пиеме едно кафе од 60 денари, еден сок од 80/90 денари, тоа келнерите не им текнува пепељара да сменат, си помислувам дали да им викнам да донесат чепкалка за заби да почнам да ги боцкам и да јадам... Понатаму секој кој си има посебни потреби за јадење, алергии, болни од дијабетес, срце и незнам какви други потреби нема никаде кај да седне, се на се ако има 5 такви ресторани кај што може да се најде јадење за гости со посебни потреби и режими на исхрана. А навечер во ноќните клубови, сигурно ќе те пречекаат некои набилдани батки, кои со остриот поглед ќе ти кажат пази што правиш оти фацата ќе ти ја сменам.......

Како и да е помина и оваа 2013 година. Каква таква помина.... Да се надеваме дека Охриѓани следната 2014 година ќе ја направат посебна, поразлична од сите претходни до сега. Можеби Охрид а со тоа и Македонија немаат некои големи парични средства да од Охрид направат Дубаи, Париз, Лондон каде гостите ќе јадат со златен прибор, но затоа можеме да бидеме препознатливи по гостопримството, по љубезноста на локалното население, секако, не дека до сега не го имало тоа, но мора да работиме тоа да биде што поизразено..

Среќни новогодишни и божиќни празници на сите

 

Автор-Тони Павловски

Студент на факултетот за туризам и угостителство Охрид