Вто03022021

Последна промена04:11:35 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Писма и колумни Реакција на СДСМ по вчерашната посета на Мицкоски на Охрид

Писма и коментари

Реакција на СДСМ по вчерашната посета на Мицкоски на Охрид

Сподели

СДСМ Охрид реагира по вчерашната средба на Мицкоски со просветните работници и неколку фирми.

Соопшението на СДСМ Охрид ви го презентираме во целина: Што, всушност Христијан Мицковски и ВМРО ДПМНЕ можат да им понудат на просветните работници во Охрид? Списокот на она што го заборавија или не сакаа да го направат е долг сепак.
Сигурно, како во нивно време обнова на екстернoто тестирање и ѕидот на срамот на МОН со казнети наставници врз основа на резултатите од тоа екстерно тестирање. Можеби обнова на Кембриџ програмата сега, надградена и во средното образование. Можеби „обнова“ на уште 60 000 000 евра за уште еде проект ,, компјутер за секое дете" бидејќи компјутерите од претходниот завршија во подрумите на училиштата. А провизиите од нив – само може да се претпостави каде?Најверојатно поголеми плати и подобар третман од тој што го имаа во 11годишното нивно владеење. Студентските и ученичките домови беа остaвени во катастрофална состојба и со долгови од 5 000 000 евра . Да го потсетиме Христијан Мицковски и ВМРО ДПМНЕ за работите кои можеа да ги направат во сферата на образованието а не ги направија: Покачување на платите во основно и средно образование за кумулативни 21,3% за само 2,5 години власт предводена од СДСМ и коалицијата визави 4% за нивното 11 годишно владеење. Покачување за 5% во високото и предвидено 10% зголемување во високото образование кое неговиот послушник Влатко Ѓорчев го оневозможи со не свикување на Комисијата за труд и социјала. Покачување на 25% на платите во државните научни институти и вградување во пресметката на нивните плати и вредност од минатиот труд. Нашата цел со образованието во Охрид да го издигнеме на нивото кое го заслужува.
Долги години наназад нашите деца учеа во училници во кои имаше провев од сите страни и во кои покривите прокиснуваа. Но посветено и одговорно работење, за прв пат во историјата на нашата општина имавме издвоено значителни средства за инвестиции во образованието. Се изврши комплетна промена на покривната конструкција на ОУ „Христо Узунов“, на училишниот објект на ОУ „Братство Единство“ во Лескајца и на подрачните училишни објекти на ОУ „Свети Наум Охридски“ во селата Елшани и Коњско. Азбестните покриви беа заменети со лимен покривач. Во ОУ „Григор Прличев“ беше извршена промена на дограмата во новиот училишен објект. Нови прозорци беа поставени во седум училници, пет кабинети и две стојалишта на првиот кат и во холовите на приземјето. Значајни инвестиции имаше и во ОУ „Св. Климент Охридски“, во ова училиште се изврши промена на старата со нова дограма. Нови прозорци беа поставени во шест училници и два кабинети. Висококвалитетни прозорци се поставени и во двете нови училници кои се целосно опремени со нов мебел, под од ламинат, а нова просторија е направена и за техничкиот персонал. Исто така, во ОУ „Ванчо Николески“ Лескоец, преку програмата на УСАИД и од буџетот на општина Охрид се инвестира во промената на санитарните јазли, ѕидовите, ходниците и холот на училиштето. Се изгради нова училишна спортска сала во ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски”. Во ова училиште се изврши замена на дотраената покривна конструкција и замена на старата дограма, а беа реновирани и дел од училниците. Деновиве во ова училиште започнаа активности за поставување на нови тавани со лед осветлување.
Во текот на изминатиот период беа изведени градежните активности за санација на кровот од ОСУ „Св. Климент Охридски“. Беше извршена реконструкција на оловните табли од куполите, санација на олуците,китирање на спојните елементи, оловните табли, окапници и ветробрани. Исто така, ова средно училиште деновиве доби и нов училишен инвентар. Во сите училници, старите зелени табли за пишување се заменети со нови училишни бели табли. Исто така набавени се 120 столчиња, 100 училишни клупи и спортска опрема која е наменета за спортските активности во рамки на наставата.
Инвестиции имаше и во СОСУ „Св. Кирил и Методиј“. За прв пат по 20 години, започна реконструкција на санитарните јазли за учениците и професорите. Со реконструкцијата се опфаќа промена на целокупната инсталација, се поставува нова санитарија и плочки.Особено сме горди и задоволни што со посветена работа на нашата локална власт конечно се реши проблемот со блокираната сметка на ОУ„Григор Прличев“. По речиси шест години, ова училиште конечно ќе може да функционира нормално со тоа што Општина Охрид ја сервисира последната обврска и целосно го исплати преземениот долг на училиштето и училиштето има одблокирана сметка. Вкупниот долг на училиштето кон 22 доверители изнесуваше 37.733.670 денари. Општина Охрид исплати вкупно 33.673.308 денари, при што со отпишување на камати остварени се заштеди во износ од 8.654.902 денари. Со ова нашата општина покажува дека со аналитичен и системски пристап може да се остварат вакви резултати.Мицковски и ВМРО ДПМНЕ се надеваме дека од ова Вам и на јавноста ќе и биде јасно во што се разликува СДСМ од Вас. Ние со граѓаните и по 12 април ќе сме НА ПРАВ ПАТ, стои на крајот од реакцијата на општинската СДСМ Охрид..

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK