Нед09202020

Последна промена10:43:08 AM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Писма и колумни Демир Далип: Време е Египќаните да ги остварат своите интереси

Писма и коментари

Демир Далип: Време е Египќаните да ги остварат своите интереси

Сподели

Драги мои,дозволете ми , ова Колумна да ја започнам со една основана, темелита и поучна мисла за основните слободи и права на човекот, кое вика Сите слободи како плодноста на летниот дожд, доагаат на крилјата на бурата...

Историјата , на основните човекови права и слободи, не памети, да се даваат права на ,,тацна,, во минатото за нив се плаќало со крв, во поново време, преминот на општествата кои ,,заглибувале во наметната долгорочна транзиција,, кон демократија, тоа се плаќало со многу уништени човечки, семејни судбини, со жртви, додека во развиените демократии, тоа се засновало на перманентната , упорна демократска битка, почитувајки ги позитивните прописи. Заеднички именител, на сите нивоа на остварување и плодоуживање на основните човекови права и слободи, драги мои, е БОРБАТА, ОСОБЕНО ОНАА ПЕРМАНЕНТНАТА И КОНСТАНТНАТА. Денес ,имајќи ги во предвид околностите, кои го дефинираат нерешеното децениско „Египќанско прашање“ во Република Македонија, невродувањето со плод на Охридскиот Рамковен Договор, нејзинит дух и содржина, институционално неинтегрирање на Египќаните во Македонија, кои според наши интерни проценки ги има над 30.000 Египќани, како лојални граѓани од една страна, како и потребата за политичко позиционирање на Египќаните во политичкиот живот во Македонија, и на тој начин да ги остварат своите интереси, како посебен автохтон и автентичен етникум, паралелно со перманентната подршка од многу политички фактори во Република Македонија, сметам дека се созреани условите, за формирање и активна политичка партиципација на еден политички субјект на Египќаните во Македонија. Тоа, пред се го налагаат околностите, кои од Египќаните во Македонија, бидејки, одредени индивидуалматеријалисти, и центри на моќ, направија граѓани-репер на модерен „робовладетски однос“ и граѓани од 5.ти ред, со тенденција за нивно целосно етничко претопување, ке би ја нарушила „меѓуетничката рамнотежа“ во нашата земја, што, секако тоа не е инерес на Египканите.  Сега, кога успеавме да се избориме да ги придобиеме симпатиите на Владата на Р.Македонија, на поширокиот политички еквилибрум, кога успеавме со една етичка методологија, заснована на искреност, лојалност, принципиелност и конечно, претходно воспоставен а сега и фактички утврден пријателски односи корекност, да ја добиеме, толку посакуваната но и нужна подршка од страна на Градоначалникот на Охрид, Др Никола Бакрачески, кој, несомнено се дефилира како репер на модерен демократски политичар, но пред се и над се, како човек, во буквална смисла на зборот. Сега, се изборивме да ги придобиеме симпатиите на Владата на Република Македонија, успеавме со нашата доследност, пријателски однос и корекност, да ја добиеме, толку посакуваната подршка од градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, но и симпатиите на поширокиот политички еквилибрум.Овој, убедливо поволен политички моментум, треба максимално да се искористи, и конечно Египканите, да имаат или своја политичка партија, преку која ке ги остваруваат своите интереси, и конечно да престанат да бидат ,,жртви, измекари и полтрони,, на одредени центри на мок, кој повикувајки се на нив, се стекнуваат , потенцирам, со незаслужена ,,пол позиција,, во политичкиот дискурс, што мораме да признаеме, е ужасно болно, особено за Египканите.Кога кон горенаведеното, ке се додаде и феноменот ,,Криза на идентитетот,, што особено се манифестираат во помалите етникуми, кои се изложени на перманентната опасност од нивно етничко претопување ,дека, културно -националните кризи избиваат во транзиционите општествакон демократија/каков што е и случајот Р.Македонија/, и се објаснуваат со наследената неправедност кон малцинските групи, нерамноправен пристап кон ресурсите, всушност преставува борба на групации или конкретно на индивидуалматеријалисти, кои за лична виртуелна политичка позиционираност, се борат да се стекнат со статусопт на ,,primus,, и да се одржат таквите ранливи малцинства надвор од нов пораз/keep minorities from losing/, W.Zartman. Во тој хоризонт се и оние инструменти за кои расправ а Вил Кумлика, самоуправни права и специјални права на репрезентација. Кога го нудев моделот на ,,позитивна дискриминација, па и овие модалитети на специјални права, како еден вид компензација за наследената неправда кон етникумот на Египканите, едноставно сакав да помогнам , да се спречи, онолку колку што се може, ерозијата на морални вредности и чуството на припадност кон својот етникум, за да се одбегне состојба на ,,условена контролираност од надворешно туго тело, кое може да прставува вовед кон тивка и културна асимилација.Драги мои, денес, над 30.000 Египќани, имајќи го во предвид ноторниот факт дека сега за сега се вонинстутиционалната интегрираност, како и сите аргументи, кои се горенаведени, несомнено е , дека треба да се мотивираат, мобилизираат, сите расположливи интелектуални сили, комбинирани со нужната подршка од факторите на мок/стекнатите и утврдени пријателстав, по сите нивоа, и по хоризонтала и по вертикала, за да се формира политички субјект на Египканите, за да се биде свој на своето. Впрочем, Египканите, имаат и искуство од водење на политички партии, како што беа Партијата за Демократско Движење на Египканите, како и десноцентристичката ,,Сојуз на Египкани на Македонија,,. Тоа, е предност, кое треба прагматично да се валовизира.

 

Испрати Демир Далип, овластен преставник на Египќаните за надворешна соработка и поранешен заменик претседател на сега непостоечката политичка партија Сојуз на Египќани на Македонија.

 

Изнесените сатвови во рубриката Писма и колумни се лични мислења на авторот, редакцијата на Охриднет не сноси одговорност. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK