Сре11222017

Последна промена12:04:19 AM

Back Вие сте на: Home Писма и колумни Колумна: И на крајот што бидна? НИШТО

Писма и коментари

Колумна: И на крајот што бидна? НИШТО

Сподели

...Истражувања, анализи, промоции, стратегии, планови, работни состаноци, трибини....... Се тоа за нашиот најголем туристички центар, Охрид, се само да биде на подобро и со што повеќе туристи да го ставиме Охрид на светската мапа на најпосакувани туристички дестинации, а од друга страна и да имаме голем економски бенефит од туризмот.

И што бидна на крајот?? Ништо. Едно големо ништо. Ако не беше проектот на Владата на РМ за субенционирање на туроператорите за да ни донесат што повеќе странски туристи и овие што се сега ќе ги немавме... а за домашните туристи и да не правиме муабет, толку им е здосадено од Охрид, што со право бараат други туристички дестинации, да видат да доживеат нешто ново, поразлично од она што секогаш го гледаат во земјава, поточно во Охрид. Реално ако погледнеме ни за странските туристи нема доволно содржини, со што барем ден повеќе би останале во Охрид. Во еден еден ден ќе го посетат централното градско подрачје, Самоиловата тврдина, Канео, Плаошник... Другиот ден музејот на вода, Свети Наум и толку.

Во многу наврати сум пишувал дека потребно е нови содржини, нови работи кои ќе го задржат вниманието како на домашните, така и на странските туристи. Доста веќе е од оние реклами со баба во народна носија што јаде лубеница. Не пали повеќе тоа.
Дај еднаш нека се изградат нови содржини, трговски и шопинг центри, спортски терени, терени за голф, концертни сали каде што ќе доаѓаат музички ѕвезди од светски ранг, нешто што ќе направи Охрид да биде во центарот на вниманието во светски рамки. Да се потсетиме на концертот на Мадона во Црна Гора, лудници беше, од сите краеви на светот имаше туристи и посетители. Кај нас дојде Цеца, па почнаа критики зошто таа, зошто онаа, а всушност немаше место игла кај да фрлиш. Не е битно која личност, кој/а пеач/ка, изведувач/ка ќе е, битно е да има моќ да собере толпа народ пред себе. Битно е да има содржини за сите вкусови, за сите типови на туристи.

И се испотепавме од откривање на можности за развој на алтернативни видови на туризам. Ќе развиваме езерски, планински, верски, манастирски, гастрономски, рурален, здравствен незнам ваков, онаков туризам... и на крај само едно големо НИШТО.
Ако уште во минатото позади Охрид стоеа луѓе кои ќе имаа капацитет и желба да го воздигнат Охрид на едно високо ниво, денес Охрид можеше да биде она што Ватикан е за Католиците, Мека за Муслиманите, Ерусалим за Евреите, а Охрид (можеше) за Православните верници. И сме имале 365 цркви, стари со векови ова она.... НИШТО.

Додека светскиве дестинации се очекуваат десетици милиони туристи, Охрид одвај собра околу 1 200 000 туристи и тоа во период од 7 години. Да, од 2007 до 2013 пориближно толку туристи го посетиле и тоа во оваа бројка влегуваат и домашните и странските туристи, кои оствариле околу шест милиони ноќевања. Смешна бројка, барем за мене смешна и мизерна. Ќе речете некој не можеме да се споредуваме со Париз, Лондон, Истанбул.... А со кого да се споредуваме? Кој треба да ни биде репер за споредба? Сомалија? Танзанија? Ирак? Авганистан? Судан?.... Е да, од нив сме подобри....

....Незнам.... Има уште многу да се пишува, ама сето ќе остане само на пишаното, само на реченото...
За неспособноста на поединци кои го водат туризмот, ќе тапка Охрид во место, и со еден милион странски туристи, и тоа само во една година, ќе може да го очекуваме тоа чудо околу 2100 година, ако трае овие тренд на зголемување на 10 посто секоја година.

Тони Павловски

Објавувањето   писма и колумни   од надворешни автори се должи  на намерата на „Охриднет“ да се слушне гласот на народот и мислењето на граѓаните. Напоменуваме дека изнесените ставови во рубриката :"Писма и колумни" се лични мислења на авторите и поединци и дека во врска со изнесеното,  „Охриднет“ не сноси одговорност.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK