Пон08212017

Последна промена06:11:12 PM

Back Вие сте на: Home Писма и колумни ПИСМО: Екодром против експресниот пат Охрид Пештани

Писма и коментари

ПИСМО: Екодром против експресниот пат Охрид Пештани

Сподели

Писмо од велосипедскиот клуб Екодром Охрид  против изградбата на експресниот пат Охрид Пештани.

Охриднет ви го пренесува во целост:

- Почитувани сограѓани на општина Охрид и пошироката јавност, љубители на ендемската ни Галичица или Спиридон како што милуваме да ја нарекуваме ние во клубот. 

Неможев да останам рамнодушен и да не го споделам својот револт кон одговорните во Националниот Парк Галичица, Министерството за Животна Средина, Агенцијата за Просторно Планирање, Јавното Претпријатие за Државни Патишта и претставници од Владата кои беа присутни на денешната јавна расправа, измени во планот за управување на НПГ односно ревидирање на развојните зони и нивни измени, се со цел незаконски да се издејствува решение за градба на експресниот пат Охрид – граничен премин Св.Наум.
Нашиот велосипедски клуб и неговите членови, Вам Ви се повеќе од добро познати. Во далечната 2008 година за прв пат со заеднички напори од тогашното раководство на НПГ, огромен ентузијазам и посветеност го организиравме првиот велосипедски маратон од рекреативен карактер, кој истовремено беше трет во Македонија. Се направи еден огромен чекор кој дури денес ги покажува очекуваните резултати. Учествувавме во повеќе проекти, измени и дополнување на акционите планови за развој на севкупниот туризам на површината од Националниот Парк.
Напорно се работаше на терен, се маркираја и трасираја пешачките и велосипедските патеки. Се возобновија сите патеки кои месното население во минатото ги користело, односно се потрудивме и успеавме да го возобновиме патот по кој чекорел Св. Наум истиот тој кој ги поврзува селата Велестово, Шипокно, Коњско, Елшани па низ Трпејчко поле преку Дервен, под Војтино па низ Љубаништа до на Манастир. Галичица стана препознатлив бренд, ендемски вид на планина во регионот и пошироко, со единствена можност уживајќи во недопрената природа истовремено да се восхитувате на Езерата, Охридско и Преспанско и сето тоа во должина од 360 км, што повторно не прави единствени на Балканот и пошироко.
Во 2009 година се изгради и новата патека по меѓународни стандарди, на која за прв пат се организираше и Националниот Шампионат во Планиснки Велосипедизам, повеќе од атрактивната патеката веднаш стана омилена кај велосипедистите, а во исто време и репер односно пример за останатите клубови во Македонија и на Балканот како треба да изгледа една стандардизирана патека според меѓународната велосипедска организација.
Сета таа посветеност на членовите, вложениот труд, време и средства беа причина за успехот кој започна да го гради клубот. Напорните тренинзи по патеките низ Галичица несоменено придонесоа клубот редоследно трета година да биде Национален Шампион, а лично јас веќе 5-та година редоследно на Балканскиот пиедестал.

Националниот тим во планински велосипедизам на Македонија, брои 14 членови, од нив 6 велосипедисти се членови на нашиот клуб. Годините наназад се учестуваше на многу меѓународни натпревари, Европски Шампионати, Светските купови, Светските Шампионати па дури и на Младинските Олимписки Игри во Кина Нанџин2014, со повеќе од одличен успех и освоено 6-то место. Незнам дали можете да замислите колкав е тој успех и воедно промоција на регионот и Македонија. Велосипедизмот е еден од најскапите спортови, без тронка помош од државата клубот се само финансира од организирање на велосипедски тури по Галичица, а најатрактивна, најпосетена е токму патеката која ги поврзуват погоре набројаните села односно, трасата на експресниот пат кој го зацртала ЈПДП. Клубот успева да се промовира и да привлече гости од целиот свет, покрај затекнатите гости на обалата не е мал бројот кои што доаѓаат посебно за велосипедизам. Долга е листата за набројување но како пример би ги споменал Словенскиот Национален Тим кој веќе трета година во периодот на Јуни/Јули доаѓа на подготовки по најмалку 20 дена. 

Мислам дека не треба да се напомене колкава е финансиската добивка за општина Охрид, месното население и се разбира клубот. Со еден ваков мегаломански проект за узурпирање, асфалтирање и бетонирање во Националниот Парк, природно богатство заштитено од страна на УНЕСКО во момент кога Велосипедскиот и Планинскиот туризам бележат огромен пораст во последните три години, неповратно ќе се одвратат туристите и ќе не избришат од потенцијална дестинација за ваквите типови на туризам. Клубот би останал без финансии за основно функционирање односно полека но сигурно ќе замре.
Од страна на Еколошки аспект според презентираната студија, повеќе од јасно е дека не е оправдана изградбата на патот. За оние кои се помалку или воопшто неинформирани, Експресниот пат во должина од 25 км целосно ќе го наруши рељефот на Галичица. Трасата се движи на надморска висина од 700 до 850 мнв, со ширина од 11,7 м, и ограда со висина од 3м од двете страни, при што во целсот ќе го стопира движењето на дивечот. Во севкупната должина од 25 км се предвидени само два премини за животните и три премини за месното население и туристите. Случајно или намерно во студијата не е опфатено влијанието врз езерото, незамисливо е да се работи студија само за НПГ, а да се игнорира Езерото. Огромна ќе биде опасноста од сливањето на дождовната водата која природно ќе го измивам маслото од асфалтот и дирекнто ќе се слева во бисерно чистите езерски води. Галичица според својот состав е природен феномен кој ја филтрира водата од Преспанското Езеро и воедно неутрализира другите води кои се влеваат во Езерото. Според најновите истражувања од страна на Германскиот Геолошки институт при универзитетот во Келн, Езерото претставува единствен еко систем во светот и ризница на еволуцијата, за жал свеста на нашата Влада неможе да го разбере тоа. Наповратна би била загубата за живиот свет како на Галичица така и во Езерото, крајно време е да се освестеме и разбереме каков еко систем не опкружува, ЕДИНСТВЕН ВО СВЕТОТ, Светот му се восхитува, а ние Македонците за лични интереси сакаме да го уништиме.

Со надеж дека барем малку ќе придонесеме за подигнување на свеста и размислување надвор од бетонската кутијата на Владата, однапред Ви благодариме за вниманието.

Автор

ВК Екодром - Охрид

Јован Јованоски

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK