Чет03302017

Последна промена09:21:24 PM

Back Вие сте на: Home Писма и колумни Писмо: Десет НЕ за пат на Галичица

Писма и коментари

Писмо: Десет НЕ за пат на Галичица

Сподели

Александар Јованоски од Охрид повторно испрати писмо во кое појаснува зошто тој е против изградбата на експресниот пат на Галичица.

Охриднет како отворен веб портал го пренесува во целост

10 - те заповеди ЗОШТО НЕeee …
ХРИСТОС СЕ РОДИ, НАВИСТИНА СЕ РОДИ, НЕКА НИ Е НАПОМОШ СО 10 - те заповеди,
РАСПАРАНА И КРВАВА ГАЛИЧИЦА МНОГУ ЈА БОЛИ, ГАЛЕТЕЈА ВЕ МОЛИ ... ЗОШТО НЕЕЕЕЕЕ
1. Затоа што, ќе ги блокира локалните и колски патишта до нивите
2. Затоа што, е наменет за транзит на камиони и шлепери
3. Затоа што, Албанија веќе го изградни но на ГП Стење
4. Затоа што, 3 метра ограда и резервиран за моторни возила
5. Затоа што, ерозијата ќе си го направи своето,150 декари шума јабана
6. Затоа што, загрозени автохтоните сорти од Охридското грозје
7. Затоа што, не предвидува јавен сообраќај
8. Затоа што, ќе биде сезонски пат, затворен зимно време
9. Затоа што, прескапа инвестиција за толку многу зло, без тронка добивка
10. Затоа што, Е ЕДИНСТВЕНА НА СВЕТОВ

1. Затоа што, експресниот пат нема да има никаква придобивка за месното население, напротив ќе создаде дополнителни проблеми. Од проектот се гледа дека локалните колски патишта кои ги користи месното наеление за пристап до нивите ќе се блокираат. По целата негова должина предвидени се само 5 јазли - кључки (петљи), првата е над населба Св.Стефан, на спојот со постоечкиот пат према с.Шипокно. Тоа значи населението од Рача и Велестово нема пристап до патот. Втората е над населба Долно Коњско, без краци за поврзување со с.Коњско. Третата е над Пештани кај старото игралиште, четвртата е на превојот Дервен - одвојакот за Галичица, петтата и последна е над Љубаништа, Војтино место викано Бабин дол, каде се предвидува новиот граничен премин кон Албанија: за пример само, ако сакате да стигнете до Трпејца, а се возите по експресниот треба на 4 кључка кај одвојакот за Галичица да се исклучите и да се вратите назад по стариот пат надолу до Трпејца.
2. Затоа што, експресниот пат е наменет за брза конекција на Македонија и Албанија, односно по него ќе фрчат камиони и шлепери со различни стоки. Мир, тишина и спокој, ќе добијат сите вилски населби со сместувачки капацитети, ќе станеме топ дестинација за посебна група на туристи кои ќе доаѓаат да им татнат камионите во уши, а тие мирно да спијат, а преку ден да уживаат во погледот на Езерото.
3. Затоа што, Албанија веќе го изгради експресниот пат но од другата страна на Галичица, односно трасата Корча - Стење, и наместо ние да продолжиме од истата страна, која е рељефно идеална, без никакви големи градежни зафати, без мостови, без тунели и ќе не чини 100 пати поевтино, НИЕ ќе тераме инает, ќе ја параме Галичица, ќе ги рушиме карстните и кревки карпи кои се причина за бистрата вода во Езерото, ќе бушиме тунели, ќе градиме мостови, ќе се потрудиме да не избришат од листата на УНЕСКО и ќе ја убедуваме Албанија да гради нов пат и граничен премин.


4. Затоа што, по целата негова должина од двете страни ќе се постави ограда во висина од 3 метра - таканаречена Њу Џерси, звучна бариера како на заобиколницата во престолнината. Забрана за движење на механизација, запрежни коли, пешаци и велосипеди. Предвидени се само две места за преоѓање на животните од паркот, и дури три преоѓалишта за планинари и велосипедисти.
5. Затоа што, проблемите со ерозија на земјиштето кои се се почести во Пештани, Елшани и Црно Брдо уште повеќе ќе се зголемат, од причина што севкупно ќе се исечат преку 150 декари на шума, а при врнежи од дожд и снег на мала површина ќе се слива голема количина на вода од сифоните на самиот пат, кои не се наведени во проектот на кое растојание ги има по должината на патот.
6. Затоа што, автохтоните сорти на Охридско грозје и други плодови по нивите од месното население долж експресниот пат, поради издувните гасови на автомобилите ќе таложат тешки метали и едно чудо други штетни материи. Сакаме ли да станеме СМОГОВСКИ регион под заштита на “УНЕСКО”.
7. Затоа што, експресниот пат не предвидува јавен сообраќај, месното население повторно ќе си го користи јавниот превоз по постоечкиот пат. Во презентираниот проект не се предвидени автобуски постојќи, нити паркинг за панорамско воодушевување кон природата и езерото. Забрането застанување, а и ако застанете неможе да видите ништо од таканаречената Њу Џерси ограда, која треба да го сопре татнежот.
8. Затоа што, според првичниот проект не е предвиден пунк за одржување на Македонија Пат - Чат Пат, односно најверојатно се додека не се изгради по должина на целата траса, вклучувајќи го и новиот граничен премин со Албанија, експресниот пат ќе ни го прогласат за сезонски и ќе биде затворен за сообраќај, а снег ќе стои на патот и тоа многу подолго од причина што патот е повисоко од 150 до 200 мнв во споредба со постоечкиот.
9. Затоа што, ќе се заборџиме во Евроспка Банка - ЕБОР со кредит од преку 100 милиони евра. Крајната цена не е во целост дефинирана, но е дефинирана за првата развојна фаза од Охрид до Пештани во должина од 13км која ќе чини 48 милиони евра и тоа според претходните измени. Со презентираните последните измени од јавната расправа, "Citrus" Англиска консултантска куќа за животна средина даваат препорака дека низ "Црно Брдо" (тумбата над Метропол) треба да се пробуши тунел, чија инвестиција не е влезена во 48 милиони. Препораката е поради природната поврзаност на Галичица и Езерото, со што на животните би им останало едно парче пристап до вода.
10. Затоа што, Галичица треба да ја цениме, почитуваме и возвишуваме таква каква што е, ЗАТОА ШТО Е ЕДНИСТВЕНА ВО СВЕТОТ.

Автор Александар Јованоски – Граѓанин на Галичица

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK