Нед10222017

Последна промена10:24:23 AM

Back Вие сте на: Home Вести Италија на штрек- се очекуваат нови потреси

Вести

Италија на штрек- се очекуваат нови потреси

Сподели

Земјотресите кои ја погодија централна Италија во изминатите два месеца може да продолжат со катастрофален „домино ефект“ во кој еден земјотрес води кон друг долж средишните Апенини, предупреди денеска Џанлука Валенсизе, италијански сеизмолог.


Тој изјави дека постои „геодинамична врска“ меѓу катастрофалниот земјотрес од август и сите останати што следувале.

– Тој процес може да продолжи во недоглед при што еден голем земјотрес го ослабува сестринскиот расед во домино процес што може да опфати стотици километри, објаснува Валенсизе, сеизмолог во Националниот институ за геофизика и вулканологија.

Апенинските планини кои се од регионот Лигурија на северозапад до јужниот остров Сицилија полни се со раседи во земјината кора од кои секој во просек е долг од 10 до 20 км.

Вчерашниот  земјотрес со интензитет од 6,6 по Рихтер не однесе живот, но во потресот од 24 август (6,2 по Рихтер) загинаа 297 луѓе. Во меѓувреме беа регистрирани помали потреси од кои во средата земјотрес со интензитет од 6,1 степен.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK