Чет05252017

Последна промена11:31:35 AM

Back Вие сте на: Home Вести Земјотрес во Америка, се стравува од разорувачко цунами

Вести

Земјотрес во Америка, се стравува од разорувачко цунами

Сподели

Силен земјотрес со јачина од 7 степени е забележан во близина на западниот брег на Никарагва и издадено е предупредување за цунами.


Во оваа земја е прогласена вонредна состојба.

Земјотресот се случил во Никарагва, Ел Салвадор и уште неколку земји во тој регион. Владата на Ел Салвадор соопштила дека постои опасност од цунами. Цивилната одбрана на таа земја наложила евакуација на крајбрежните области.

Разорувачко цунами би можело да се случи во областа на 300 километри од епицентарот во должина на брегот на земјите во Централна Америка. Се стравува дека бреговите би можеле да ги погодат бранови во височина и до 3 метри.

Земјотресот бил регистриран на длабочина од 33 километри, а 154 километри југоисточно од областа Пуерто Триунфо во Ел Салвадор. Засега нема информации за материјални штети и повредени.

Инаку, во оваа област беснее ураганот Ото поради што се евакуирани неколку илјади луѓе.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK