Пет01202017

Последна промена01:35:01 PM

Back Вие сте на: Home Вести Се вклучи алармот за опасноста од птичји грип

Вести

Се вклучи алармот за опасноста од птичји грип

Сподели

Иако во Македонија болеста не е присутна, институциите го подигнуваат нивото на внимателност.

Повторно се вклучи црвеното светло за таканаречениот птичји грип. Првите случаи веќе се регистрирани во неколку европски и во земјите од регионот и тоа во Хрватска, Унгарија, Германија, Данска, Холандија, како и во други држави. Иако  во Македонија болеста не е присутна, институциите го подигнуваат нивото на внимателност. Имено агенцијата за храна и ветеринарство испрати допис до ветеринарните друштва со кој им наложува веднаш да пријават евентуална зголемена смртност на живината или ако забележат угинати птици преселници, што е клучен фактор за побрзо сузбивање на болеста. Од агенцијата велат дека ги информирале одгледувачите на живина кои превентивни мерки е неопходно да ги преземат, со цел полесно да ја препознаат болеста, но во исто време и да го намалат ризикот од евентуална појава или ширење на птичјиот грип во јатата.

Птичјиот грип создаде паника во светот откако во март 2013-тата за прв пат се појави во Кина. Истиот потоа се прошири и на Европскиот континент. Од вирусот загинаа стотици луѓе. Птичјиот грип ја нападна и Македонија. Вирусот на птичји грип го шират птиците преселници, кои се еден вид на резервоар. Вирусот се пренесува преку контакт со секрети од заразени птици, особено фекалии или преку загадена храна, вода, опрема и облека. Птичјиот грип е високо заразен и за луѓето кои може да заболат од вирусот преку заразени чевли и облека, или пак заразени возила, опрема, храна, кафези и други предмети. Токму затоа Агенцијата за храна на одгледувачите на живина и на ветеринарните организации им посочила да ги преземат сите неопходно биосигурносни мерки кои се потребни за заштита на лицата кои би биле изложени на ризик да заболат од птичји грип, пишува Алфатв.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK