Вести

Новогодишен ручек и пакетчиња за социјално загрозените

Сподели

Општина Охрид во соработка со Црвен крст Охрид денес  во ресторанот на ОУТУ “Ванчо Питошески“, организираа ручек за социјално ранливите категории граѓани од Охрид.

 Во името на локалната самоуправа, градоначалникот на присутните граѓани им посака многу здравје и посреќни денови во новата 2017 година. Новогодишниот ручек беше подготвен за 150 семејства, а на секое дете му беше доделено новогодишно пакетче.