Вто09172019

Последна промена04:32:25 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Српските туристи најмногу заинтересирани за Охрид

Вести

Српските туристи најмногу заинтересирани за Охрид

Сподели

Охрид и годинава се претстави на саемот за туризам во Белград.

Српските туристи се најмногу заинтересирани за југозападниот регион од земјава особено за Охрид.

Како што соопшти Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на РМ (АППТРМ)  на Саемот се остварени  нови контакти со оператори кои сакаат да ја вклучат Македонија во својата понуда.

Атрактивните и богати со понуда македонски дестинации ги претставија претставници од приватниот туристички сектор.

– Континуирано остваруваме средби со нашите долгогодишни партнери со кои ја одржуваме меѓусебната соработка. Остварени се и нови контакти, со Asteria travel и Balkan Break, кои сакаат да ја вметнат Македонија во нивната туристичка понуда, наведува Агенцијата.

Според АППТРМ, македонскиот туристички производ е веќе препознатлив на српскиот туристички пазар. Тоа го покажува растот од 31,52 отсто за туристички посети во последните четири години, со остварени 50.145 посети и 93.782 ноќевања во 2016 година. Српските туристи најмногу го посетуваат Југозападниот и Југоисточниот регион, а нешто помалку Вардарскиот.

На саемот што се одржа од 23 до 26 овој месец, имаше 11.000 излагачи, 75.000 посетители и потенцијални туристи. – Штандот на Македонија со традиционалните македонски продукти и препознатливи туристички дестинации беше во сала со сите странските излагачи, информира Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK