Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 03.март 2017 година (петок), во црквата „Успение на Пресвета Богородица Каменско - Охрид, со почеток во 16:00 часот, ќе се служи мало повечерие со Акатист на Пресвета Богородица.
На првиот Акатист ќе богослужи Неговото Високопреосвештенство Митрополитот г.Тимотеј.
Исто така богослужби ќе има и во сите парохиски цркви.
Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите верници на заедничко молитвено прославување.