Сре11222017

Последна промена12:04:19 AM

Back Вие сте на: Home Вести Запленети 1,8 тони албанска марихуана

Вести

Запленети 1,8 тони албанска марихуана

Сподели

Во две одделени акции на грчката и албанската полиција запленети се над 1,8 тони марихуана.

 

Полицијата од грчкиот град Јанина, во близина на селото Коница денеска запленила 530 килограми марихуана прошверцувана од Албанија.

Дрогата, пакувана во 180 пакетчиња била во возило со грчки регистарски таблички, кое било земено под наем од двајца албански државјани на возраст од 26 и 53 години, кои биле уапсени во акцијата.

Грчките власти соопштија дека дрогата требало да биде траспотирана до Атина.

Претходно, како што јави тиранската телевизија „Топ чанел“, полицијата од приморскиот град Валона запленила 1.283 килограми марихуана во заливот Бристани, кај Карабурун.

Пакуваната дрога во 47 торби, била оставена на брегот, требало со моторен чамец да биде транспортирана во правец на италијанскиот брег. Полицијата трага по лицата кои требало да ја шверцуваат дрогата.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK