Сре11222017

Последна промена12:04:19 AM

Back Вие сте на: Home Вести „Мистериите на Босанските пирамиди“ пред охриѓани

Вести

„Мистериите на Босанските пирамиди“ пред охриѓани

Сподели

Утре 11.04.2017 (вторник) во 16.00 часот на Факултетот за Туризам и Угостителство во Охрид, Д-р Семир Османагиќ ќе одржи предавање на тема „Мистериите на Босанските Пирамиди“. 

 Османагиќ е човек кој што ги има истражувано Пирамидите во Перу, Хондурас, Мексико, Салвадор, Боливија, Кина, Маурициус, Гватемала и многу други земји во светот. 2005 година ги открива Босанските Пирамиди во Високо, поради што е и примен во Руската Академија на Природни Науки како најмлад член на таа институција во која се наоѓаат и неколку десетина истакнати добитници на Нобеловата награда. После потврдата на истакнати египетски научници за постоењето на Пирамидите во Босна, тој патува низ целиот свет и предава за Босанските Пирамиди.

Повеќе од стотина години нè учат дека пирамидите се градени само во Египет и Мексико, и тоа како гробници или како церемонијални места за жртвување.  Тоа не  е вистина.

Пирамидите се присутни на сите континенти во светот, и многу независни истражувачи го имаат докажано тоа користејќи ги најновите сателитски, георадарски и геотермални инструменти и методи, и со тоа ја отвараат вратата на новата вистина и новата историја за Пирамидите во Светот.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK