Сре11222017

Последна промена12:04:19 AM

Back Вие сте на: Home Вести Трајкоски: Направивме многу и во следните години ќе работиме на полето на културата

Вести

Трајкоски: Направивме многу и во следните години ќе работиме на полето на културата

Сподели

Нема повозвишено чувство од тоа кога знаете дека сте ја оправдале довербата...од тоа дека дадениот збор сте го одржале. Токму ваквата мисла не тера повторно пред вас да застанеме и заеднички со сплотени сили да започнеме уште многу проекти, истакна на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник и актуелен градоначалник на општина Дебарца.


Суштината да се биде градоначалник е во тоа да се биде од еднаквите меѓу вас со таа можност за спроведување и реализирање на потребите од општината. Токму тоа го правевеме изминативе 4 години кога дебрца во секој сегмент се издигна.

Оваа прилика ќе ја искористам да Ве потсетам на дел од досега реализираните проекти од областа на културата:

 Реконструиран Културниот дом во село Мешеишта,
 Реконструкција на Центарот за Култура во село Лешани
 Реконструкција и санација на дел од Културниот Дом во Злести
 Реконструкција на Дом во село Издеглавје
 Реконструикција и партерно уредување на спомен обележјето на Трајче Дојчиноски и спомен чешмата во Село Белчишта, како и многу други проекти

Денес ќе презентирам проекти од новата Програма од областа култура, која е од витално значење и има особено значајно место во секојдневното функционирање, а тоа се:

 Проект: Реконструкција на културниот дом во село Требеништа
 Проект: Реконструкција на Домот во село Горенци
 Проект: Целосна Реконструкција на културниот дом во село Злести
 Проект: Реконструкција на салата за состаноци во општинската зграда во Белчишта
 Проект: Реконструкција на постоечки објект стар Интернат во Село Белчишта со пренамена во Етно Музеј и Музеј за ,,Белчишко Блато,,.
 Проект: Реконструкција на воденицата во село Велмеј ,,Наисток,, и ставање во заштита како културен споменик.
 Проект: Подршка на Интернационалната Ликовната Колонија ,,Дебрца,, Село Белчишта.
 Проект: Подршка на Културни Манифестации во Општина Дебрца и др.

Нашите образи се чисти бидејќи макотрпно работевме секојден...со што насекаде имаме подобрување..но потенцирам, тука не застануваме, продолжуваме со уште побрзо темпо, бидејќи изминативе 4 години имавме можност да согледаме што и каде недостига...дел од тие елементи се влезени во програмата...но треба да се знае како и досега така и од сега ќе реализираме проекти и кои не се напишани во самата програма а им се потребни на нашите жители.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK