Саб07202019

Последна промена05:21:16 PM

 

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Делегација од Пловдив во посета на општина Охрид

Вести

Делегација од Пловдив во посета на општина Охрид

Сподели

Вршителот на должност градоначалник Константин Георгиевски денеска прими делегација од Пловдив, Р. Бугарија предводена од заменик градоначалникот  Георги Горгиев. 

На протоколарната средба на која присуствуваа и  нивните раководители на секторите за култура, млади и образование,  Веселинка Балџиева и Пешја Шаркова и директорката на детската градинка „Борјана“, Станислава Беќарова се разговараше за зајакнување на соработката во делот на образованието и културата меѓу двете општини Охрид и Пловдив.


На средбата беше истакнато дека со оглед на тоа што Бугарија е веќе членка на Европската Унија  ќе се користат  нејзини  искуства за едуцирање на луѓе и аплицирање на проекти пред европските фондови за добивање на средства.

Во насока на зајакнување на соработката ,делегацијата од Пловдив денеска ќе ја посети детската градинка „Јасна Ристеска“, а утре факултетот за туризам  и угостителство. Гостите од Бугарија вечерва ќе присуствуваат на отворањето на културниот детски фестивал „Децата на Бугарија пеат и играат во Охрид “ кој  завршува во четврток.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK