Пет04102020

Последна промена12:17:53 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Усвоена информацијата за работата на мониторинг мисијата на УНЕСКО за Охридскиот регион

Вести

Усвоена информацијата за работата на мониторинг мисијата на УНЕСКО за Охридскиот регион

Сподели

Од 7-та седница на Владата: Усвоена информацијата за работата на мониторинг мисијата на УНЕСКО за Охридскиот регион; Побарана е дополнителна информација за бесправно изградените објекти во заштитеното јадро на Старата скопска чаршија; Битола ќе добие пречистителна станица за отпадни води...

 

На редовната 7-ма седница што се одржа во Охрид, Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информација за присуството на Реактивната Мониторинг Мисија на УНЕСКО.

Владата го задолжи Претседателот на Националната Комисија за УНЕСКО да формира работна група од претставници на Министерството за култура, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за транспорт и врски, Општина Охрид, Општина Струга, Општина Дебрца, Управата за заштита на културното наследство и Националната установа-Завод за заштита на спомениците на културата и музеј-Охрид, која што во рок од 10 дена треба да изработи предлог решение за усогласување на режимите на заштита на Планот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион (2020-2029) и за истото да ја информира Владата на Република Северна Македонија.

Во врска со оваа точка Министерството за транспорт и врски доби задолжение да формира работна група од претставници на Министерството за култура, Министерството за животна средина и просторно планирање, Агенцијата за Катастар на недвижности на Република Северна Македонија, Општина Охрид, Општина Струга, Општина Дебрца, Управата за заштита на културното наследство и Националната установа-Завод за заштита на спомениците на културата и музеј-Охрид, која во рок од 10 дена ќе изработи акциски план за постапување по Инвентарот за бесправно изградени објекти и спроведување за соодветните студии, и за истото да ја информира Владата на Република Северна Македонија.

Владата им препорача на Советот на Општина Охрид, Советот на Општина Струга и Советот на Општина Дебрца да ги продолжат одлуките за времен мораториум за градба во заштитената зона донесени во август 2019 година, се до усогласување на постоечките планови со режимите за заштита од Планот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион (2020-2029).

Како дел од заклучоците во однос на оваа точка, Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија доби задолжение да формира работна група од претставници на ЈП за железничка инфраструктура Железници на РСМ, Министерството за транспорт и врски, Министерството за животна средина и Министерството за култура, која што во рок од 10 дена треба да изработи техничка спецификација за анализа на потенцијалната алтернативна железничка рута, предложена во Извештајот на Реактивната мониторинг мисија на УНЕСКО од 2017 година.

На оваа седница беше разгледана и усвоена информацијата за извршен инспекциски надзор на изградба на градби од прва категорија на подрачјето на општините Охрид и Струга, како и информација за преземените активности на овластените градежни инспектори за наведените подрачја, на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам на Република Северна Македонија

Владата не го прифати приложениот извештај на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам и го задолжи да изврши нов увид на бесправно доградените објекти во јадрото на Старата Скопска Чаршија.

Во врска со оваа точка, Владата ја задолжи Агенцијата за катастар да достави визуелен приказ на заштитеното јадро и да ги маркира објектите за кои постои сомневање дека се бесправно доградени.

На 7-мата седница Владата го прифати предлогот на АД ЕЛЕМ Електрани на Северна Македонија во државна сопственост, и ја усвои информацијата за користење на неповратни средства за техничка помош преку Кредитната Банка за обнова КфВ, во рамки на Програмата за обновливи извори на енергија, како дел од Стратегијата за енергетика за енергетска транзиција кон незагадувачки извори на енергија.

На денешната седница Владата ја усвои информацијата за склучување на билатералниот договор помеѓу Европската Унија и Владата на Република Северна Македонија за ко-финансирање на големиот инвестициски проект за отпадни води во агломерацијата на Битола, со што во оваа општина за прв пат ќе започне изградбата на пречистителна станица за отпадни води.

Владата ја усвои одлуката за доделување на средства за финансирање на проекти за развој на планските региони во 2020 година. За оваа година се предлага да бидат финансирани 26 проекти за развој на планските региони со вкупна вредност од 321.580.000 денари, главно локални и регионални инфраструктурни проекти.

На оваа седница на Владата е разгледана и усвоена информацијата за преземените активности и организациони аспекти во пресрет на македонско-бугарското ко-претседавање со „Берлинскиот процес 2020 (БП-2020) и за претстојниот Состанок на министрите за надворешни работи во рамките на предвидените активности.

Владата на Република Северна Македонија, на 7-та седница што се одржа во Охрид донесе одлука за поништување на решенијата донесени во периодот од 21 до 31 јануари од министерката за труд и социјална политика, со кои се опфаќаат решенија за овластување и потпишување, како и решенија за плати и за распоредување.

На оваа своја седницата, Владата донесе одлука, во знак на признание на меѓународниот успех, на екипата на документарниот филм „Медена земја“, да им биде доделена награда во висина од 3 милиони денари.

На седницата во Охрид, пред министрите во Владата, амбасадорката на Република Хрватска во нашата земја Нивес Тигањ ја презентираше програмата на Хрватското претседателство со Советот на Европската Унија, во која еден д највисоките приоритети е проширувањето на унијата.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK