Чет03042021

Последна промена04:25:30 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Пецаков: Одличен е одзивот на граѓаните против пописот

Вести

Пецаков: Одличен е одзивот на граѓаните против пописот

Сподели

Денеска е трет ден откако се собираат потписи под мотото ,,Стави потпис за вистински попис” насекаде низ Македонија.

 

 Денеска на две локации собираме потписи заедно со граѓаните на Охрид, одѕивот е одличен заклучно со вчерашниот ден на ниво на Македонија се собрани 45 илјади потписи и очекуваме дека до крајот на неделата преку 100 илјади граѓани ќе ја дадат својата поддршка за оваа иницијатива.
 
Реалноста е дека не само за пописот и начинот на којшто Законот за попис беше донесен туку и генерално политиките на СДСМ и Заев не добиваат поддршка од народот. Народот сѐ повеќе се приклучува на ВМРО-ДПМНЕ и она што треба да претставува отпор кон начинот на владеење на СДСМ.
 
Самиот Закон за попис на начинот на којшто беше донесен наместо да добиеме статистичка операција добиваме политичка операција е проблематичен затоа што доколку имаме статистичка операција тогаш Македонија ќе може и економски и геостратешки во наредните десет години да планира, а политички очигледно е битен само процентот.
 
Затоа имавме забелешки за овој Закон за попис и баравме да биде со најсовремените технологии спроведен всушност заеднички како што треба да бидат спроведени претстојните локални избори, а тоа е со т.н. отпечаток на прст би биле разрешени и отстранети сите дилеми коишто би ги имале во однос на резултатите коишто би ги добиле од овој попис. Како и да е ние не застануваме тука ова е само еден од чекорите коишто ќе ги преземеме во периодот којшто следува, а сѐ со цел да добиеме попис каков што Макдоднија заслужува по сите европски стандарди, рече Кирил Пецаков на денешната прес конференција. 
  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK