Сре06262019

Последна промена11:13:47 AM

 

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Во Охрид конференција „Тероризам: Превенција од радикализација на младата популација“

Вести

Во Охрид конференција „Тероризам: Превенција од радикализација на младата популација“

Сподели

Во организација на македонското МВР, денес во Охрид отпочнува меѓународната конференција „Тероризам: Превенција од радикализација на младата популација“.

На дводневната, за јавност затворена конференција, учествуваат над 70 разузнавачи и други високи претставници на безбедносните служби од регионот, високи претставници на три меѓународни организации како и од девет други државни институции инволвирани во борбата против тероризмот. 

На конференцијата се очекува да се презентираат мноштво информации за начините за ширење на верскиот радикализам и посебно како, во соработка со невладините организации да се делува кон превенирање и спротивставување на верскиот радикализам посебно кај младата популација.
На почетокот на меѓународната конференција „Тероризам: Превенција од радикализација на младата популација“ свое излагање ќе има министерката м-р Гордана Јанкуловска.

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK