Нед09152019

Последна промена02:32:11 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Ова се најдобрите млади библиотекари во Охрид

Вести

Ова се најдобрите млади библиотекари во Охрид

Сподели

НУ Библиотека „Григор Прличев“ - Охрид ги известува сите ученици од Основните училишта од Охрид и околината дека ги избра учениците кои покажаа најдобри резултати на натпреварот „Млади библиотекари“ кој минатата недела се одржа во Библиотеката.

Според комисијата која го организираше натпреварот и ги прегледа резултатите од тестирањето, ученичката Глорија Петреска од 8 одд. од ОУ „Братство и Единство“ од Охрид и ученичката Симона Филкоска од 9 одд. од ОУ „Живко Чинго“ од с. Велгошти, покажаа најдобар успех од сите учесници, односно освоија максимум 150 бодови.
Годинава за прв пат и двете ученички ќе ја претставуваат општина Охрид на републичкиот натпревар „Млади библиотекари“, кој ќе се одржи во локалната библиотека „Гоце Делчев“ од Велес на 31.10.2014 година.
Утре (15,10,2014 г.) во 12 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ - Охрид сите ученици и професорите кои учествуваа на овој натпревар, ќе добијат книги и благодарници за учество на натпреварот.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK