Вести

Затворен еден угостителски објект во вчерашната акција

Сподели

Секторот за внатрешни работи Охрид, во координација со Управата за јавни приходи и Државната пазарна инспекција, синоќа изврши контрола во вкупно седум угостителски објекти во Охрид и Струга.

Акциската контрола е извршена со цел откривање на прекршоци по законот за пушење, откривање на други казнени дела како и сузбивање на безбедносно негативни појави на подрачјето.
Поради констатирани неправилности во однос на фискализација, затворен е еден угостителски објект во Охрид. Во друг угостителски објект во Охрид, констатиран е прекршок по Законот за пушење за што против едно физичко лице изготвена е покана за наплата на глоба како и платен налог против одговорното и правното лице. Пазарната инспекција ќе изготви решение за времено затворање на угостителскиот објект.
Поради прекршок согласно законот за прекршоци против јавниот ред и мир сторен од страна на сопственик на друг угостителски објект во Охрид, кој со дрско однесување и кршење на предмети го нарушил јавниот ред и мир, ги вознемирил граѓаните и ја загрозил нивната безбедност, ќе биде поднесена соодветна пријава. Против него ќе биде поднесен платен налог за наплата на глоба.
Поради констатирани неправилности во угостителски објект во Струга, Управата за јавни приходи и Државната пазарна инспекција ќе изготват решение за времено затворање на објектот.