Денеска околу 16 ч на магистралниот пат Подмолје Струга во близина на бензиската пумка случена е сообраќајна несреќа во која едно лице е повредено.
Во незгодата учествувале две патнички моторни возила со струшки регистарски таблици "Сеад Кордоба" и "Пежо 206". Од засега непознати причини дoшло до судир при разминување на двете возила. Во моментов се врши увид по што попрецизно ќе се знаат причините. Повредениот е пренесен во специјалната болница "Свети Еразмо" во Охрид .