Вести

За празникот Арханѓел Михаил богослужба во манастирот Свети Наум

Сподели

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека утре (21 ноември 2014) , во манастирот „Свети Наум Охридски“, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Собор на св. Архангел Михаил“.

Литургијата почнува во 9.00 часот, а ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
Богослужби ќе има и во сите парохиски цркви во Охрид.