Вто09172019

Последна промена04:32:25 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Воените лидери од САД Јадранската повелба во Охрид

Вести

Воените лидери од САД Јадранската повелба во Охрид

Сподели

Ги браниме интересите на Алијансата иако не сме дел од  неа. Одамна ги исполнивме стандардите и критериумите, а сепак останавме бликирани.

  Време е и Алијансата да ги брани своите интереси со тоа што ќе ни го дадат одамна заслуженото место, истакна претседателот на РМ  Горѓе Иванов  на 19 Конференција на началниците на генералштабови  на армиите од земјите членки на САД-Јадранската повелба., што денес се одржува во Охрид.

-Ако досега прашањето за поканата на Р Македонија во НАТО беше чисто политичко прашање сега веќе е безбедносно прашање. Со секое натамошно нелегално блокирање на нашето заслужено членств во НАТО се врши сериозно блокирање на колективните интерсеси и на темелните принципи на Алијансата . Пресудата е се уште тука и чека да биде испочитувана и од Грција и од НАТО, истакна Иванов.

- Вратите на НАТО остануваат отворени сега можеби е уште покомплексно и уште поголем предизвик отколку што беше во 2003. Тестот што го имаме ние пред нас е да продолжиме на патот на партнерство интеграција и безбедност за нашите земји и покрај сите предизвици, истакна командантот на Сојузничката команда на НАТО во Неапол и претставник на САД, адмирал Марк Фергусон.

На маргините на конференцијата иако не беше предвидено стана збор и за миграцијата како еден од главните проблеми со кои денес се соочува регионот. АРМ  веќе има распределено свои сили за справување со мигрантската криза, истакна генералот Величковски.

- АРМ распореди дел од своите единици механизирано пешадиски и единици за врски и логистика  се со цел да бидат во испомош на граничната полиција на МВР за да се канализира протокот н амигрантите да се овозможи побрз транзит низ РМ, истакна началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски.

Со највисоки безбедносни мерки Македонија денес се покажа како добар домаќин на конферецијата на  генералите од САД Јадранската повелба.

Новинар Соња Рилковска

Канал 5 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK