Вто09172019

Последна промена04:32:25 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Внуката на Прличев на прием кај Бакрачески

Вести

Внуката на Прличев на прием кај Бакрачески

Сподели

Во рамки на чествувањата посветени на Григор Прличев, градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески денеска оствари протоколарна средба со внуката на венецоносецот , Олга Прличева.


На срдбата меѓу другото стана збор за првите институционални форми во градов при што Прличева го информира градоначалникот Бакрачески дека според записи до кои таа дошла нејзиниот дедо, Григор Прличев бил основач на првата општина во Охрид во далечната 1870 година. Во рамки на општината функционирале тогашните Сектори за образование и за верски прашања што значи дека општината во Охрид ги избирала тогашните Митрополи во охридските цркви. На таков начин Григор Прличев бил првиот поборник за потиснување на грчкото влијание врз Македонската православна црква.


Според кажувањата на Прличева, Григор Прличев бил основач и на Ќуричката каса во која охридските првенци односно најимотни охриѓани донирале парични средства кои биле наменети за потребите на охридските училишта и цркви. Исто така во оваа каса се собирале и средства од чорбаџиите кои еден ден во неделата работеле бесплатно. Овие средствата биле наменети за децата со цел сите да може да се описменуваат на својот мајчин јазик независно од социјалниот статус на семејствата од кои доаѓале.


„Прличеви беседи“ - 2016 со низа активности ги одбележуваат Општина Охрид, Националните Установи, Библиотека и Центар за Култура „Григор Прличев“, Заавод и Музеј и ОУ „Григор Прличев“.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK