Вести

Варошани кројат стратегија за фаќање на крстот

Сподели

На десетина денови до најголемата црковно народна манифестација во земјава- осветувањето на водите на Охридското езеро варошани почнаа да “кројат” стратегија за фаќање на Светиот крст.

Синоќа во култното охридско кафуле “Зона” на брегот на Охридското езеро објективот на Охриднет ги затекна рекордерите во факање на крстот  на Водици  Јован Рилковски,  Јован Бабаче и  Митко Топенчаров. И тројцата по пет пати успеале да го извадат светиот крст од ладните води на езерото. Во нивно друштво беа и други варошани кои редовно скокаат по крстот на Водици  Јон Чаулев, Климент Масим, Петар Бакалов, Никола Упевче и Ристе Мишев.

И тројцата рекордери во фаќање на Светиот крст за Охриднет велат тајната за вадење  на крстот нема, тоа е силната вера во Бога.