Пет11222019

Последна промена11:20:32 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Покров на Пресвета Богородица - слава на манастирот Лешани

Покров на Пресвета Богородица - слава на манастирот Лешани

Сподели

Според календарот на МПЦ утре (14 Октомври) се одбележува празникот  -  Покров на Пресвета Богородица.

 Празникот се слави во  црквата посветена на „Покров на Пресвета Богородица“ во манастирскиот комплекс „Сите Светии“ во село Лешани.

Црквата е изградена најголем дел со манастирски средства и со помош на благоверниот народ. Почна да се гради во 2012 година, а градбата заврши во 2017 година. 

Црквата е изгардена по појавувањето на чудо во манастирот

 Идејата за изградба дошла  по појавување на чудото на денот на зачнување на света Ана - 22 декември, во 2004 година, кога во манастирскиот комплекс снемало струја во 22 часот и 30 минути. Отец Вартоломеј станал да земе свеќа да го осветли монашкиот конак, а мајка Илинка погледнала низ прозорецот да види дали има струја во селата Белчишта и Песочан. „Само што се доближив до вратата се појави силна светлина како од рефлектор, кога погледнавме убаво од западната страна тргнаа четири снопа светлина да се искачуваат.

Трепкаа како блицеви кон местото каде што сега е гостоприемливиот конак, како некој да го скенира. Наеднаш два пламени снопови застанаа на местото пред конакот, а другите два застанаа позади олтарите на двете цркви. Изгледаа како снопчиња. Маглива светла патека се постилаше и се собираше од камбанаријата до црквата, а таква светлина гледавме и по шумата. Од монашкиот конак до црквата патеката беше осветлена како авионска писта, како со свеќички, ѕвездички и целосно озарение на една благодатна светлина во црквата се познаваше. Буквално како илјадници свеќи да горат внатре. Ова се случуваше до две минути на полноќ. На две минути пред полноќ се осветли цел манастирски комплекс како напладне, како ден и точно на полноќ се собраа четирите пламени снопови во сред манастирски двор и исчезнаа“.

Во наредните шест месеци се чуствувала густина на благодетна сила и енергија. На шеститот месец, на 12 јули следната година на влезната врата од манастирскиот комплекс се појавил неракотворниот лик од Пресвета Богородица, а под нејзиниот лик раката на Господ Исус Христос, кој ги благословува сите добронамерни верници што доаѓаат на поклонение. По појаувањето на ова чудо во 2012 година почна да се гради нова црква посветена на Покров на Пресвета Богородица. Црквата се гради со средства од верниците и секој добронамерник може да помогне финансиски или материјално во изградбата на ова светилиште.

На овој ден жените постат и се молат за полесно да се породат или оние кои не можат да забременат ја молат Богородица да им ги слушне молитвите и да им ги оствари желбите.

Житие 

Настанот што го слави Црквата денес се случил на 1 октомври 911 година, на едно бдение во Богородичната влахернска црква во Цариград. Црквата била полна со народ. Меѓу народот бил и свети Андреј Јуродивиот со својот ученик Епифаниј. Во четири часот ноќта над народот се појавила Пресвета Богородица со распослан омофор со кој го покривала целиот народ. Била облечена во порфира и блескала со неискажлив сјај, опколена од апостолите и светителите. Гледајќи го јавувањето, свети Андреј му рекол на Епифаниј: “Ја гледаш ли, брате, царицата и господарката над се, како се моли за целиот свет?” Во чест на тоа јавување и се востанови овој празник. Но, овој празник е само потврда или симбол на славењето на Пресвета Богородица, како заштитничка на целиот православен народ, бидејќи нејзиното заштитништво се покажало многупати и пред овој настан. Тој е потврда, пред се, за нејзиното молитвено застапништво за нас луѓето пред престолот на Троичниот Бог.

 НА ОВОЈ ЛИНК ЦЕЛА РЕПОРТАЖА ОД МАНАСТИРОТ СИТЕ СВЕТИИ ВО ЛЕШАНИ 

 

 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK