Вто01182022

Последна промена03:50:18 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Денес се празнува Свети апостол Филип

Денес се празнува Свети апостол Филип

Сподели

Св. апостол Филип еден од дванаесетте господови апостоли. Именден за сите Филиповци. Денес е и Мартинци 27.11 -  Празник за заштита на стоката од дивите ѕверови.

Светиот апостол Филип

Родум од Кесарија Палестинска. Беше женет и во бракот му се родија четири ќерки, сите четири со дар на пророкување и сите четири заветувани девици Христови. Кога Светите апостоли избираа ѓакони, тогаш беше избран и Филип, покрај Стефан и останатите. Тој со голема љубов и внимание им служеше на сиромашните и на вдовиците. Кога настана гонењето на христијаните во Ерусалим, Св. апостол Филип се засолни во Самарија и таму го проповедаше Евангелието и Го сведочеше Бога со многубројни чуда и изгонувања на демони, со исцеленија на болни итн. Кога ги виде чудата на апостолот, се крсти и прочуениот волх Симон. Св. Филип го крсти и евнухот на царицата Кандакија. Потоа ангел Божји во истиот миг невидливо го пренесе во Азот, кадешто оттогаш поучуваше и проповедаше и мнозина ги обраќаше кон Христа. Беше поставен за епископ во Тралија. Се упокои мирно во длабока старост.

Православната црква празнува уште еден празник поврзан со споменот на Свети Филип. Но тој не е овој Филип од 12-те Христови апостоли туку е еден од 7-те ѓакони. Неговиот празник се празнува на 24 октомври. Во првите години по основањето на светата црква се јавила потреба некој да се грижи за немоќните, болните, сиромасите итн. Поради тоа апостолите одбрале седуммина ѓакони кои тоа го правеле. Меѓу нив бил и Свети Филип. Откако извесно време бил ѓакон заминал за Самарија каде што го проповедал христијанството.

 

Празникот Мартинци што како и некои други празници во народот се среќава со разни имиња (Мартинија, Волчји празник и сл.) се врзува со различни датуми. Трае различно еден, три денови но најчесто е поврзан со 14. ноември според стариот календар.

Димитар Матов забележал обичаи во Велес според кои на денот Свети Филип (14. XI. с.с.) се врзува устата на волкот. Тоа се правело со гребните кои се затворале и така останувале цела недела, за да му е затворена и устата на волкот. Д. Матов сведочи дека на овој ден се правеле и магии со кои од туѓите овци се земало млекото преку летото

 

Спомен на Седмиот Вселенски Собор

Овој Собор се одржа во 787 година во Никеја, во времето на царувањето на благочестивата Ирина и нејзиниот син Константин, а за време на патријархот Тарасиј. Овој Собор конечно го утврди иконопочитувањето образложувајќи го со Светото Писмо, со сведоштвото на Светите отци и со достоверни примери на чуда пројавени од Светите икони. Меѓу другите наведени примери на чуда Кипарскиот епископ Константин го наведе и овој што ќе биде предаден овде. Некој овчар од градот Констанца еднаш штом го истера стадото на пасење ја виде иконата на Пресвета Богородица целата украсена со цвеќе од правоверните. „Зошто толкава чест да ѝ се оддава на една карпа?“, си рече овчарот (очигледно воспитан во иконоборство), па со својот железен стап удри по иконата и го расипа десното око на ликот на Богомајката. Но штотуку тргна од она место, се сопна и со истиот оној стап си го изби себеси десното око. Кога се врати ќор во градот плачејќи викаше и говореше дека го постигнала казна од Светата Пречиста. Овој Собор уште реши во антиминсот неизоставно да се вложуваат Свети мошти на маченици. На Соборот учествуваа 367 отци. По нивните молитви Бог нека н ѐ помилува и спаси. Амин.

 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK