Чет11212019

Последна промена08:58:11 AM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Задушница - молете се за покој на мртвите

Задушница - молете се за покој на мртвите

Сподели

Светата православна Црква саботата ја одредила како ден за спомнување на покојните, но денешната сабота е определена како општ ден за спомнување на умрените и е наречен митровденска задушница. 

 Христијаните се должни, за таа прилика, да подготват варена пченица, чие зрно симболично означува дека умрените ќе воскреснат, Уште е потребно вино и леб, кои го претставуваат Христос кој се принел за спасение на луѓето и уништување на смртта.

Тоа се основните елементи кои се потребни за правење помен на покојните. За овие спомени светата црква пропишала и молитви кои се читат при самиот помен. Сите чинодејства, па така и помените се вршат со запалени свеќи кои укажуваат на светлоста на вечниот блажен живот.

На празникот Задушница   најважна треба  да биде молитвата за покој на душата на починатиот, а не гозба со која му се угодува на стомакот, советуваат свештениците. 

На покојните им се потребни помени со свеќи, цвеќе, пченица, лепче и малку вино, а не со храна, пијалаци и вистински гозби, им порачуваат свештениците од Македонската православна црква на верниците.

Не треба да се остава храна на гробовите, ниту да се бдее над нив. 

Задушница или Духовден се верски празници со кои двапати годишно им се одава почит на починатите. Но, почитта не треба да се изразува преку раздавање храна на гробовите на покојните.

Наместо непотребно да трошат пари за храна што ја оставаат на гробовите, тие средства да ги подарат на народни кујни или на детски домови.

- Настанува и натпревар кој повеќе ќе донесе на гробот за раздавање, со мисла дека храната и пијалакот оставени на гробот ќе ги изеде и испие починатиот. Молитви и давање милостина се полезен начин да се направи нешто во име на починатиот. Порано, се правеле заеднички ручеци за сиромашни и за бездомници, а храната на гробовите се оставала за оние што ќе поминат, ако се гладни, да се послужат како спомен за покојникот, но не и со верување дека тој ќе стане да јаде - напиша  митрополитот Пимен.

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK