Aвстралиска донација за училиштето во Дебарца

Сподели

ОУ „Дебарца“ од општина Дебарца доби значајна донација од Амбасадата на Австралија во Белград, што е дел од ДАП програмата.

Библиотеката на училиштето доби литература на англиски јазик и помагала за полесно учење на англискиот јазик.
Донацијата беше подржана од македонскиот конзул во Австралија Зоран Ќосески и амбасадорката Џулиа Фини како и од градоначалникот на Дебрца, Игор Трајкоски.

Донацијата што е дел од ДАП програмата, беше идеја на наставничката по англиски јазик, Наташа Мироска Ламбески, во координација со наставничката Љупка Јакимоска.

Со оваа донација, училиштето доби мултимедијална библиотека, книги на англиски јазик, сликовници, видео и аудио материјали, речници, постери и најразлична техника за остварување на образовниот процес.
Со значајната донација, учениците ќе бидат во можност преку игра, групна работа, презентации, и проекции, непосредно да се среќаваат и да го прифатат и да го изучуваат англискиот јазик на полесен начин.