Нед03262017

Последна промена12:53:33 PM

Back Вие сте на: Home Вести Македонија Галичица недостапна, Стража и Плетвар отворени за камиони

Галичица недостапна, Стража и Плетвар отворени за камиони

Сподели

И оваа зима, убавините на Галичица остануваат недостапни за охриѓани и туристите. Патниот правец кој води до Галичица и излетничкото место Корита и оваа година ќе остане неисчистен од снег. Се нормализира сообраќајот кон планинските превои во регионов. Така, според соопштението на АМСМ, се укинуват забраните за тешки товарни возила на Стража и Плетвар.


Според АМСМ, забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинските превои Маврово, Ѓавато и на патниот правец Крива Паланка- граничен премин Деве Баир. Регионалниот пат Р-2332 патен правец Ресен – Охрид (преку национален парк Галичица) од 15.11.2016 до 01.04.2017 е затворен за сообраќај. Од охридската страна возилата со вкупна тежина до 3,5 тони можат да се обраќаат само до месноста “Kорита”.
Инаку, сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато, во зимски услови, по влажни коловози, а во западниот и северниот дел од државата со остатоци од снег, по интервенција на екипите на Македонијапат.

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен-Буково.

Од 15-ти Ноември на сила стапи законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 Март 2017 година.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK