Нед10222017

Последна промена10:24:23 AM

Back Вие сте на: Home Вести Македонија Стража затворена за товарни возила, внимателно возење снег и голомразица

Стража затворена за товарни возила, внимателно возење снег и голомразица

Сподели

Забрани за движење на тешки товарни возила има на планинските премини Стража, Плетвар, Ѓавато, Пресека, како и на крак Маврово – Дебар.

 

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: На 08.01.2017 година од 16:45 часот, магистралниот пат А3 Ресен-Битола-Прилеп, кај м.в.„Баир“, е блокиран за сообраќај и се пренасочува низ центарот на градот.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од снег на коловозот, по интервенција на дежурните екипи од Македонијапат. Снег со слаб интензитет паѓа низ цела Македонија. Поради ниски температури наместа е можна појава на голомразица.

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен-Буково.

ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15-ти Ноември на сила стапи законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 Март 2017 година.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK