Пет02232018

Последна промена11:05:50 AM

Back Вие сте на: Home Вести Македонија Задушница - помолете се за покој на мртвите

Задушница - помолете се за покој на мртвите

Сподели

Според календарот на Македонската православна црква утре09,02 2017  е Задушница.

Задушница секогаш паѓа во сабота зошто Исус тој ден, пред воскресението во недела, го поминал упокоен.

Тоа е денот кога православните верници одат на гробовите на најблиските, раздаваат понади и палат свеќи. Сеќавајќи се на своите покојни претци, христијанските верници на овој ден се молат на Бога за простување на гревовите на упокоените. 

МПЦ во текот на  годината одбележува и есенски задушници, потоа летни Духовденски, пролетни во очи големиот пост и зимски задушници. 

Се верува дека ако на Задушница не им се запали свеќа на мртвите, тие цела година ќе бидат во мрак. Доколку верниците не се во можност да запалат свеќа на гробиштата на блиските, може тоа да го направат и во црква, каде обично се носи и пченица која по молитвата попот ја залева со цевено вино.

На празникот Задушница најважна треба да биде молитвата за покој на душата на починатиот, а не гозба со која му се угодува на стомакот, советуваат свештениците.

На покојните им се потребни помени со свеќи, цвеќе, пченица, лепче и малку вино, а не со храна, пијалаци и вистински гозби, им порачуваат свештениците од Македонската православна црква на верниците.

Не треба да се остава храна на гробовите, ниту да се бдее над нив.

Задушница или Духовден се верски празници со кои двапати годишно им се одава почит на починатите. Но, почитта не треба да се изразува преку раздавање храна на гробовите на покојните.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK