Пет11152019

Последна промена08:24:33 AM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Се поднесуваат годишни даночни пријави

Се поднесуваат годишни даночни пријави

Сподели

Управата за јавни приходи со апел до граѓаните да ја исполнат својата обврска и да поднесат годишна пријава. Последниот рок е 15-ти март.


„Граѓаните треба да ги поднесат годишните даночни пријави и да не го чекаат последниот рок, бидејќи тогаш се создава метеж на даночните шалтери. Апелираме граѓаните кои се регистрирани во системот е-даноци да ги поднесат пријавите по електронски пат“ – вели Весна Новаковиќ од Управата за јавни приходи.

Годишна даночна пријава до 15-ти март 2017 година задолжително треба да поднесат оние луѓе кои во 2016 година, освен плата, пензија или приход од земјоделска и самостојна дејност, оствариле и дополнителни приходи. Се работи за приходи од кирии, авторски права, индустриска сопственост, исплатена дивиденда, капитална добивка од продажба на учество во капитал и недвижен имот, поединечна добивка од општи игри на среќа во износ поголем од 5 илјади денари (лотарија, електронски игри на среќа, награди или интерактивни игри), приходи од игри на среќа преку специјализирани интернет страници, приходи од интернет (е-трговија, услуги преку специјализирани страни, реклами на сопствени интернет страни), лични примања од странство за активности поврзани со работењето во Македонија, пари од ангажман во амбасади или мисии на меѓународни организации, други дополнителни приходи.

„Кај игрите на среќа би потенцирале дека се пријавуваат само оние приходи над 5 илјади денари и тоа важи за општите игри на среќа. Приходите од обложувалниците не се пријавуваат во годишната даночна пријава. Би потенцирале и дека граѓаните кои се занимаваат со електронска трговија и остваруваат приходи преку интернет треба овие приходи да ги наведат во годишната даночна пријава“ – објаснува Новаковиќ.

Граѓаните кои оствариле дополнителни приходи, а кои нема да достават годишни даночни пријави, се соочуваат со казни од 500 до 1.000 евра.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK