Свети Захариј, преподобен Тимотеј

Сподели

На почетокот на втората  недела од Велигденскиот пост, денешниот ден православната црква го посветила не неколку значајни светители.

Свети Захариј, патријарх Ерусалимски

Во времето на византискиот цар Ираклиј во 614 година персискиот цар Хозрој го нападна Ерусалим, го ограби градот, го однесе Чесниот Крст во Персија и повлече во ропство огромен број христијани, меѓу нив и патријархот Захариј. Евреите му помагаа да врши зло над христијаните. Меѓу другите еврејски злосторства се памети и ова: Евреите откупија од Хозрој деведесет илјади христијани и како свои робови ги убија. Стариот патријарх остана во ропство четиринаесет години. А од Чесниот Крст во Персија се пројавија многубројни чуда, така што Персијанците велеа: „Христијанскиот Бог дојде во Персија“. Подоцна Ираклиј го принуди персискиот цар да ги врати Чесниот Крст, патријархот и останатите робови во Ерусалим. Самиот цар Ираклиј го внесе Чесниот Крст на своите плеќи во Светиот град. Останатите денови од животот Св. Захариј ги помина во мир и се пресели кај Господ во 631 година. На престолот го замени патријархот Модест, после кого патријархуваше Св. Софрониј (11 март).

Преподобен Тимотеј

Пустиник на местото наречено Символи на азискиот Олимп. Од малечок стапи во манастир, се замонаши и с ѐ до длабока старост го помина животот во пост, молитва, бдение и непрестаен труд. Остана чист и целомудрен до крајот на животот. А на чистите и целомудрените Бог им дава власт над духовите на злобата, па му ја даде и на Тимотеј. Трудејќи се околу својата душа Тимотеј успеа да Му изгради прекрасен храм на Светиот Дух во себеси. Овој свет човек се упокои во 795 година.