Македонските жени имаат малку време за забава

Сподели

Mакедонските жени кои се вработени имаат само 15 проценти од времето да го посветат на слободни активности, а кај невработените жени отпаѓаат 21 процент на слободни активности.

Во урбаните средини жените просечно дневно поминуваат по 2 часа и 16 минути на забава и култура, додека во руралните средини жените имаат по 1 час и 13 минути за забава.

Од сите домашни активности на жените, 16 проценти отпаѓаат на чистење на станот, а просечно дневно поминуваат по 1 час и 50 минути во гледање телевизија. Оние жени кои имаат деца трошат по 1 час и 57 минути на нивно згрижување.

Македонските жени најчесто се одлучуваат да родат по едно со две деца, а најчесто име што им го даваат на женските деца е Марија, пишува Курир.